fbpx

Притворени седуммина од уапсените во полициската акција „Удар“

-

На седуммина од вкупно 11 приведени во вчерашната полициска акција, со оперативно име „Удар“, судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

Според информациите, дел од осомничените се товарат за злостроничко здружување и за злоупотреба на службената положба, а дел за изнуда, лихварство и за криумчарење на мигранти.

„За осомничените С.И., Н.И., Б.И., Ш.И., А.Н., А.А. и М.С. постојат околности за определување мерка притвор од член 165, став 1, 2 и 3, односно опасност да се даде во бегство, околности кои укажуваат дека може да ја попречуваат кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело, па затоа на сите седум осомничени им е опредлена мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението на судот.

На тројца од приведените им е се одземени пасошите и одредена им е мерка повремено да се јавуваат во судот и забрана да го напуштаат живеалиштето, а на еден, судија на претходна постапка му одредил куќен притвор.

Во врска со акцијата „Удар“, денеска со детали излезе и Министерството за внатрешни работи (МВР), според кои, како организатор на криминалната група е осомничен 48-годишен жител на скопското село Студеничани, кој заедно со негов соработник од Арачиново, „ги организирал, договарал и координирал криминалните активности на другите членови на групата“.

Според МВР, во еден од случаите, осомничените за заем од 25.000 евра, барале и наплатиле лихва од 75.000, а во друг случај, на лице на кое му позајмиле 500 евра, на крајот му наплатиле 20.000 евра.

„Наплатата ја вршеле со употреба на сериозни закани со огнено оружје врз лицата должници и врз членовите на нивните семејства“, велат од МВР.

Полицијата документирала и два случаи на криумчарење мигранти во кои биле инволвирани членови на групата.

Во текот на истрага, информираат од МВР, било утврдено дека организаторот на групата имал контакти и со претседателот на Основниот суд во Куманово, кој е еден од осомничените во акцијата, поради посредување во судски предмет за убиство кое било извршено во 2012 година во Куманово.

„Во однос на истото, член на семејството му дал 24.000 евра за да го поткупи претседателот на Основниот суд, за да го ослободи едниот од извршителите на убиството од затвор. Во однос на севкупните активности, утврдено е дека претседателот на Основен суд Куманово, примил 19.000 евра, а за возврат му дал инструкции како да се однесуваат во понатамошната судска постапка за извршителот на убиството, притоа појаснувајќи му ги неговите напори во судските инстанци за да го оствари барањето“, стои во соопштението на МВР.

Од МВР додаваат дека истрагата по акцијата е сè уште во тек и се работи на идентификување на други членови на криминалната организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...