fbpx

Амбасада на САД: Владата и партиите да не му ставаат сопки на специјалниот обвинител

-

Ги повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули, стои во денешното соопштение на Амбсадата на Соединетите Американски Држави (САД), откако Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека донел одлука да ги прогласи за неважечки како докази аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против премиерот и неколку министри во Владата.

Од Амбасадата на САД велат дека сите делови од договорите од 2 јуни и од 15 јули „мора да се имплементираат, за Македонија да може да ја реши и да ја надмине политичката криза“.

„Веруваме дека веродостојно разгледување на случаите кои се поврзани со или, пак, произлегуваат од следењето на комуникациите, е од најдобар интерес за сите партии и за граѓаните на Македонија. Очекуваме сите судски постапки во Македонија да се спроведат почитувајќи ги во целост принципите на националното и на меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска практика според Европската конвенција за човекови права“, стои во соопштението на Амбасадата на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...