fbpx

МВР за гранатирањето на Владата: Оружјето познато, коминикеата неважни

-

Пет дена по гранатирањето на владината зграда на Илинденска број 2, Иво Котевски, помошникот министер за внатрешни работи, ни потврди дека стручните тимови на МВР го утврдиле типот на оружјето со кое било стрелано, но за што точно станува збор не сакаше да открие, како и тоа дали се работи за истото оружје со кое беше гранатиран објектот на Владата на 28 октомври минатата година.

Одговорот што го добивме од Котевски на прашањето дали има осомничени и околу евентуалните мотиви за нападот, е дека „Министерството работи на откривање на сторителите“.

Од МВР не го коментираат ниту коминикето што вчера го објави косовскиот весник „Коха диторе“, според кое одговорноста за нападот го презеде Ослободителната национална армија (ОНА). Напротив, од МВР на објавениот допис не му обрнуваат големо внимание.

– И претходно имаше такви коминиека и според проверките што ги направиме тогаш, беше утврдено дека се испратени од ИП-адреса во Швајцарија. Секој може да испрати е-мејл, но тоа не значи дека тој е сторителот – ни рече Котевски.

Гранатирањето на Владата се случи во петокот, на 10 април, околу 21 часот. Според полицијата, бил гаѓан блокот 5 од владиниот објект, кој гледа кон мостот Гоце Делчев, но проектилот паднал неколку метри од зградата, која не е оштетена.

Претходно на 28 октомври, кон владата беа истрелани две гранати, кои завршија во фасадата.

Сторителите сè уште не се идентификувани, а три недели по нападот, од Обвинителството за „Мета“ изјавија дека „надлежното јавно обвинителство ги презема сите неопходни мерки и активности во врска со откривањето на сторителите на инцидентот и дека е извршено вештачење на проектилите и побарани се снимки од околните објекти“.

Оттогаш за случајот нема никакви нови информации, а разврска нема ниту за случајот што во исто време во тетовската полиција го пријавија двајца вработени во локалниот „Водовод“, според кои, две лица во темни униформи им се заканиле и им наредиле да престанат со работата.

Не се откриени ниту извршителите на „бомбашките напади“ во непосредна близина на полициските станици во Куманово и во Тетово, кои се случија на почетокот од декември минатата година.

Одговорноста за нападите, преку коминикеа, и тогаш ја презеде ОНА, но во врска со дописите што ги објави „Алсат М“, одговорот од Обвинителството беше дека „до Обвинителството не е пристигнато какво било известување за преземање на одговорноста за настанот.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...