fbpx

СДСМ поднесе нова кривична пријава против Груевски, Јанакиески и Трајановски

-

До Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, СДСМ денеска поднесе кривична пријава против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејства, во врска со парцелите на Водно.

Кривичните дела за коишто е поднесена приjавата се злосторничко здружување, перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување.

– Како доказен материјал кон кривичната пријава, покрај аудиоснимките презентирани во јавноста, доставуваме и детална документација. Од документацијата произлегува дека Груевски и неговите соработници смислено ги откупиле парцелите, по драстично пониски цени од пазарните. Потоа, по налог на самиот Груевски, се прават измени на Генералниот урбанистички план и на Деталниот урбанистички план. Со сите преземени дејства, Груевски и соработниците стекнале противправна имотна корист од 17 милиони евра. За купувањето на овие парцели се користени пари што потекнуваат од извршени казниви дела. За трансферот на овие средства се користени странски правни лица основани во земји каде што е дозволиво основачите да се анонимни за јавноста, а кои во Република Македонија основале трговски друштва со висок основачки капитал во кеш – истакна Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...