fbpx

Заев во Обвинителството на распит

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал, во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра, јавува „Прес 24“ (Press24).

Според кривичната пријава на полицијата, градоначалникот на Струмица ја побарал оваа сума пари од извесен струмички бизнисмен за да му овозможи приватизација на градежно изградено земјиште.

Тој, повеќепати беше повикан во врска со овој случај, но и со случајот „Пуч“, во кој се јавува како четвртоосомничен во аферата со незаконско прислушување.

Се очекува во текот на денот, на Заев да му бидат презентирани сите докази од истрагата за случајот со поткупот.

Како што дознава „Прес 24“ од свои извори во Обвинителството, досега Заев молчел во врска со обвинувањата за двата предмети и не дал никаков исказ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...