fbpx

Скопјанец осомничен за полов напад на осумгодишно девојче

-

Битолската полиција поднела кривична пријава, а судија на претходна постапка му одредил притвор од 30 дена на Р.Ч. (41), осомничен дека во февруари оваа година извршил полов напад над осумгодишно дете.

Од Обвинителството денеска соопштија дека надлежното Основно јавно обвинителство Битола почнало предистражна постапка против осомничениот, кој, како што информираат оттаму, бил родум од Скопје, а делото за кое се товари го сторил во стан во Битола, во кој престојувал со детето.

– По пристигнување на кривичната пријава од МВР – СВР Битола, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторен полов напад врз дете што не наполнило 14 години, дело за кое минималната затворската казна е осум години – стои во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...