fbpx

Возачот што ја усмрти новинарката кај „Зебра“ имал 2,41 промили алкохол во урината

-

Анализата на крвта и на урината на возачот што завчера вечерта во сообраќајка ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, кај трговскиот центар „Зебра“, покажала дека тој бил под дејство на алкохол, а во урината биле најдени траги од марихуана, соопшти Обвинителството.

„Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и на урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1,52 промили алкохол, додека, пак, во урината 2,41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна супстанца што ја содржи растението канабис“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Инаку, законски дозволената граница за алкохол во организмот кај возач изнесува 0,5 промили, што значи дека 37-годишниот скопјанец имал пет пати повеќе.

Надлежниот јавен обвинител, кој извршил увид на местото, наредил вештачење на трагите подигнати од местото на настанот и обдукција на телото на починатата.

„Надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот, кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени понатамошни активности во насока на обезбедување докази и расветлување на настанот“, велат од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...