fbpx

Столтенберг: Грција е потенцијален безбедносен проблем

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, во заедничката изјава по разговорите, оцениле дека Грција е силен сојузник во НАТО, но и потенцијален безбедносен проблем.

– Грција беше и останува силен сојузник. Грчката влада повеќепати потврди дека нема да ја поврзе должничката криза со својата цврста посветеност кон НАТО – рече Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање.

Хрватскиот премиер Милановиќ оцени дека ситуацијата во Грција се смета за најголем безбедносен проблем.

– Тоа не е прашање со кое НАТО треба директно да се занимава, но сето тоа што се случува или би можело да се случи е безбедносно прашање – рече Милановиќ.

Хрватскиот премиер оцени дека ако не се постигне спогодба со доверителите, тоа ќе придонесе за натамошен пад на БДП, за уште поголемо опаѓање на куповната моќ, како и многу помалку пари за одбрана и нестабилно општество.

Во меѓувреме, австралискиот весник „Хералд сан“, пишува дека можното излегување на Грција од еврозоната го разгорува геополитичкиот страв. Весникот наведува дека Грција не е голема сила во НАТО и оти се наоѓа во центар на повеќе геополитички спорови во Европа. Во текстот се наведува дека официјалната Атина ѝ пркоси на ЕУ со своите односи со Русија, дека не е во состојба да се справи со напливот на мигранти од Блискиот Исток и од Северна Африка и оти сè уште има тензични односи со Турција, кои се поврзани со историјата не двете земји.

„Грција, која одеднаш се наоѓа себеси со значително намалени ресурси и чии лидери се лути поради третманот што го добиваат од Европската унија, би можела да предизвика значителни проблеми“, пишува „Хералд сан“, повикувајќи се на дипломатски извори.

– Поради финансиските проблеми, сметам дека Грција нема да биде во можност да ги обезбедува своите граници, да учествува во мисиите на НАТО и на Европската унија и да ја финансира војската. Тоа е крајно загрижувачки – смета Џејмс Ставридис, поранешен висок командант на НАТО, а сега декан на школата за право и за дипломатија „Флечер“ на американскиот Универзитетот „Тафтс“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...