fbpx

Двајца приведени за вооружениот инцидент во Куманово

-

Две лица се приведни и неколкумина се повикани на информативен разговор за инцидентот што вчера се случи во кафе-барот „Шпија јон“ во кумановската населба Бедиње.

Како што соопштуваат од СВР Куманово, пред инцидентот имало вербална расправија меѓу гостите во кафулето, по што дошло и до пресметка со огнено оружје.

Во престрелката загинало едно лице, Џ.Р. (45) , а повредени се Ш.З. и Г.Р., двајцата по 38 години.

Од СВР Куманово велат сè уште не можат да кажат дали и двете групи користеле огнено оружје и дали било пукано во самоодбрана.

Велат дека истрагата е сè уште во тек и подоцна ќе излезат со нови детали за случајот.

Од Обвинителството велат дека надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото на вчерашната престрелка, во која животот го загуби четириесет и петгодишен жител на Куманово.

„Поради основано сомневање дека делото го сториле две лица, истите се лишени од слобода. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е сторено убиството. Надлежниот обвинител издаде наредби за вршење обдукција, за вештачење на оружјето, на видеозаписи и на траги од местото на настанот“, пишува во соопштението на Обвинителство.

Во исто време, порталот „Кумановски муабети“ пренесува вести од „Лајмпрес“ и од „АлсатМ“, во кои се вели дека Бајрам Лимани, кој е инаку в.д. претседател на општинската организација на ДУИ во Куманово, бил на работното место кога групата, на сега веќе убиениот командат Шќипоња, физички се судрила со осомничениот.

„Нè нападнаа со столчиња, со тупаници… Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник стрелаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа. Тројца го нападнаа него, тројца или четворица мене, и при физичката пресметка можно е да е истрелан некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно. Што се случи, ние не знаеме, бидејќи по неколку минути тепачка, го напуштивме местото на настанот. Настанот е снимен и со камери, значи постојат снимки со кои можат да видат и да утврдат и органите на правдата и јавноста, и во Македонија и надвор од неа, дека многу ни е жал, но ништо не се случи по наша вина и одговорност. Жал ми е за сè, со жалење велам, ова го чувствуваме и како наша слаба точка, но верувајте, бевме нападнати на работното место“, изјавил Лимани.

Од партијата вчера изразија жалење за вооружениот инцидент и ги повикаа надлежните органи да го расветлат случајот до крај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...