недела, 12 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: престрелка | 31 резултати

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

февруари 11, 2025

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа биле донесени две лица на возраст […]

Престрелка меѓу полицијата и криумчари на северот на Косово, уапсени се пет лица

август 11, 2023

Уапсени се пет лица осомничени за шверц на стока и напад на службено лице, додека еден осомничен успеал да избегне апсење и заминал во непознат правец. Во оваа акција биле запленети четири автомобили кои биле инволвирани во конкретниот случај, при што на еден од нив е пронајдена количина цигари за кои постои сомневање дека се […]

Ученик пукал во вработен во основно училиште во Лукавац, БиХ

јуни 14, 2023

Едно лице е тешко повредено во престрелка што утрово се случила во основно училиште во градот Лукавац во Босна и Херцеговина. Како што јавува порталот „Oslobodjenje.ba“, вработен во училиштето „Лукавац Град“ бил застрелан од незадоволен ученик, кој поради лошо однесување претходно бил префрлен во друго основно училиште. Повредениот бил хоспитализиран во Универзитетскиот медицински центар Тузла […]

Ранети две лица во престрелка во Белград, едното е македонски државјанин

мај 23, 2023

Две лица на возраст од 20 до 30 години биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми. Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во […]

Престрелка на аеродромот во Кабул, еден Авганистанец загинал

август 23, 2021

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети, пренесува „Дојче Веле“. Според информацијата која Бундесверот (германската војка) ја објави на Твитер, престрелката се случила од 4:13 часот по локално време на северната […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев вработил и советник со криминално досие

мај 14, 2018

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека меѓу 56-те советници на премиерот Зоран Заев е вработено и лице за кое нема докази дека има стручност во областа за која треба да советува, а згора на тоа има криминално досие оти во кафеана пукал во припадник на специјалните сили. Како што соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, станува […]

Скопје под власта на СДСМ почна да наликува на Див Запад, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 25, 2017

„СДС ветуваше живот, а граѓаните добија криминал, престрелки и убиства“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната престрелка во населбата Топанско Поле, во која едно лице е убиено, а едно тешко повредено. „Секоја вечер инциденти, а секој поминат викенд по некој ранет или убиен. Се надминува и периодот на матната и криминална транзиција во […]

Убиен маж во пукање во Топанско Поле

ноември 25, 2017

Во престрелка што се случила во 22.30 часот вчера, во населбата Топанско Поле, близу супермаркетот „Принц“, еден 35-годишник го загубил животот, а еден 52-годишник добил тешки повреди. Во инцидентот на улицата Лазо Трповски, животот го загубил И.А од селото Блаце, а повредениот Љ.Ќ. живеел недалеку од местото на инцидентот, на улицата Дижонска. Тој е пренесен […]

Една полицајка е тешко ранета, а неколкумина се повредени при престрелка во Минхен

јуни 13, 2017

На железничка станица во Минхен се случила вооружена пресметка, а светските медиуми јавуваат дека една полицајка е ранета. Германската полиција на „Твитер“ објави дека неколку лица се ранети, а полицајката била тешко повредена. Едно лице било уапсено. Suburban train station #Unterföhring – Several persons wounded by gunshots. Police woman seriously wounded. One person has been arrested. […]

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во престрелка во центарот на Париз

април 20, 2017

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во вооружен напад што вечерва се случил во центарот на Париз, соопштила француската полиција, пренесува „Би-би-си“. Според информациите на дел од француските медиуми, напаѓачот кој отворил оган кон полицајците бил застрелан и убиен. Престрелката се случила на авенијата Шанзелизе, која е целосно блокирана и каде во тек […]

Криминално-политичка престрелка и бркотница по Партизанска

ноември 15, 2016

Четириесет и шестгодишен скопјанец ноќеска, пред полноќ, е ранет во престрелка на булеварот Партизански одреди. Според првичните информации, станува збор за Даниел Т., кој веднаш по инцидентот е пренесен на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде бил опериран. На пукањето му претходела бркотница со автомобили, која започнала од бензинската на „Макпетрол“ на […]

Организацијата „Црна моќ“ ја презеде одговорноста за нападот во Далас

јули 8, 2016

Одговорноста за нападот врз полицијата во Далас ја презеде политичката организација „Црна моќ“, која на својот профил на „Твитер“ напиша дека ќе следуваат уште убиства на полицајци. – Нашите снајперисти убија петмина полицајци. Во наредните денови ќе има уште убиства. Набавете пушки и придружете им се на нашите снајперисти во борбата против полициската репресија – пишува […]

Заврши престрелката во Далас: Тројца уапсени, шест убиени и шест повредени

јули 8, 2016

Едночасовната престрелка во Далас заврши со апсење на тројца од четворицата осомничени напаѓачи, додека последниот се самоубил, јавуваат американските медиуми. Пукањето почна за време на протестот против полициската бруталност кон црнечката заедница, откако најмалку двајца снајперисти отвориле оган врз полицијата. Протестот доаѓа два дена откако полицијата уби двајца Афроамериканци во американските сојузни држави Минесота и […]

Престрелка во Египет – убиени двајца полицајци и тројца припадници на ИД

мај 9, 2016

Во престрелка во северниот дел на Синајскиот Полуостров убиени се двајца египетски полицајци и тројца припадници на Исламска држава, соопштија египетските власти. Престрелката се случила синоќа, кога група терористи отвориле оган врз контролен пункт на египетските сили за безбедност. Египет е честа мета на напади откако во јули 2013 година армијата го собори од власт […]

Пет лица се убиени во престрелка во училиште во Канада

јануари 23, 2016

Најмалку пет лица се убиени во престрелка во училиште во канадскиот град Ла Лок во провинцијата Саскечуан, а еден осомничен е уапсен, соопшти канадскиот премиер Џастин Тридо. Двајца од ранетите се наоѓаат во критична состојба, јавува „Ројтерс“. – Ова очигледно е кошмар на секој родител – изјави премиерот Тридо. Според локалните медиуми, директорот на училиштето ја […]

Обвинителството отвори истрага за престрелката на патот Струга – Долна Белица

декември 16, 2015

Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истрага против пет лица осомничени за престрелката што се случи вечерта на 13 декември, на локалниот пат Струга – Долна Белица, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Лицата се товарат за убиство од член 123 и за недозволено изработување, држење […]

Јавното обвинителство почна истрага за престрелката во Дреновац

ноември 2, 2015

По добиената кривична пријава за вооружениот инцидент во тетовската населба Дреновец, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. „Во кривично-правниот настан што се случил во саботата околу полноќ, учествувале шест лица поделени во две групи, кои со пиштоли и со ножеви се обиделе да ги […]

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово

ноември 1, 2015

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово, соопшти полицијата. Во престрелката и во тепачката учествувале петмина, од кои тројца добиле тешки телесни повреди и се пренесени во тетовската клиничка болница, додека другите двајца поминале со полесни повреди и се примени во скопскиот ургентен центар. Тепачката се случила доцна синоќа. Полициска екипа од СВР […]

Разбојник завршил во Ургентен центар по грабеж на банка

октомври 8, 2015

Маскиран и вооружен разбојник попладнево ограбил експозитура на Стопанска банка во скопската населба Влае, но, при обидот за бегство, бил пресретнат од полициска екипа која интервенирала по грабежот. Од Секторот за внатрешни работи Скопје, за „Мета“ информираат дека разбојништвото се случило околу 14.10 минути, кога максирано и вооружено лице влегло во експозитурата, на улицата Ѓорче […]

Двајца приведени за вооружениот инцидент во Куманово

јули 24, 2015

Две лица се приведни и неколкумина се повикани на информативен разговор за инцидентот што вчера се случи во кафе-барот „Шпија јон“ во кумановската населба Бедиње. Како што соопштуваат од СВР Куманово, пред инцидентот имало вербална расправија меѓу гостите во кафулето, по што дошло и до пресметка со огнено оружје. Во престрелката загинало едно лице, Џ.Р. (45) , […]

Страна 1 од 2