На железничка станица во Минхен се случила вооружена пресметка, а светските медиуми јавуваат дека една полицајка е ранета.
Германската полиција на „Твитер“ објави дека неколку лица се ранети, а полицајката била тешко повредена. Едно лице било уапсено.
Suburban train station #Unterföhring – Several persons wounded by gunshots. Police woman seriously wounded. One person has been arrested.
— Polizei München (@PolizeiMuenchen) June 13, 2017
Медиумите пишуваат дека напаѓачот пукал на полицајката при проверка на документи во воз.
Железничката станица е затворена, а патниците се евакуирани.