fbpx

Обвинителството отвори истрага за престрелката на патот Струга – Долна Белица

-

Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истрага против пет лица осомничени за престрелката што се случи вечерта на 13 декември, на локалниот пат Струга – Долна Белица, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„Лицата се товарат за убиство од член 123 и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, од кои едно лице е на болничко лекување, едно е недостапно за органите на прогонот и три лица се непознати сторители“, стои во соопштението на Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно соопштија дека полициската станица во Струга поднела кривична пријава против Б.Б. (45) и Е.Б. (30), двајцата од селото Велешта, и против три непознати лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...