fbpx

Неделава продолжува сослушувањето на уапсените од кумановската група

-

В среда и в четврток оваа недела, продолжува сослушувањето на уапсените во полициската акција во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај, кои во моментов издржуваат притвор во затворите во Прилеп и во Битола, објави телевизијата „Алсат-М“.

Како што пренесува телевизијата, процесот беше блокиран бидејќи притворените одбиле да дaдат изјави пред обвинителството да им ги презентираат доказите против нив.

„В среда и в четврток ќе продолжи случајот за тие кои се во другите затвори во Прилеп и во Битола и мислам дека на почетокот на август ќе се овозможи сите да дадат изјава откако ќе им бидат остварени нивните права, да им се даде да ги видат доказите пред да дадат изјава“, изјавил за „Алсат-М“, адвокатот на одбраната, Насер Рауфи.

Според Рауфи, процесот на сослушување е последниот момент од постапката, по што обвинението против кумановската група најверојатно ќе биде готово до почетокот на есента.

Во кумановските настани од 9 и од 10 мај оваа година, загинаа осум припадници на специјалните полициски сили, а 37 беа ранети. Во полициската акција беа убиени 10 членови на вооружената група, а околу 30 беа уапсени и осомничени за тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...