fbpx
Таг: ковид19

таг: ковид19

Кочани се подготвува за поставување на монтажна болница за ковид-пациенти

Кругот на Општата болница – Кочани е локацијата каде Министерството за здравство планира поставување на монтажна болница за пациeнти со ковид-19 во Iсточниот регион. Во оваа монтажна болница би се упатувале пацинети, по poполнувањето на капацитетот на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип. На седница на Општинскиот кризен штаб од Кочани се разработи планот за поставуввање на монтажната...

„Google“ ќе нуди 100,000 стипендии за онлајн курсеви

На 13ти јули од „Google“ соопштија дека ќе лансираат програма со фонд за 100,000 стипендии кон нивните онлајн курсеви. Овие курсеви се дел од нивните „Google Career“ сертификати кои што им овозможуваат на луѓето кои што ги завршиле да најдат работа без потреба од диплома на факултет.  Ова е уште еден обид за борба против невработеноста која е резултат...

Доктор Џемаили: Ризикот од корона е голем, почитувајте ги мерките!

Корона вирусот претставува нов предизвик со кој сите се соочуваме. Најтешко е за медицинскиот персонал бидејќи тие се на првата линија во борбата со вирусот. Докторката Блерта Џемаили, говори за „Порталб.мк“, обраќајќи им се на граѓаните во земјава, притоа наведувајќи ги можните начини како да се избегне овој вирус. Какво искуство стекнавте од справувањето со корона вирусот, како претходно непознат...

Министерот Дамјан Манчевски повторно во самоизолација

Министерот за информатичко општество и администрација информираше дека е во самоизолација откако неговиот заменик министер и возач се позитивни на корона вирус. „Откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на ковид-19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација“, напиша синоќа...

Проверете дали е променето избирачкото место каде што треба да гласате

Фото: Борче Поповски
Поради ситуацијата со корона вирусот, дел од избирачките места кои не ги задоволуваат здравствените протоколи се променети. Во пресрет на испочитување на препораките од здравствените власти за гласање во услови на присуство на ковид-19, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека се обезбедени алтернативни адекватни простории што имаат доволна квадратура и можност за проветрување за да се одржи изборниот процес. Во...

За еден месец просечно 12,8 отсто од тестирањата се нови случаи на ковид-19

Просечно, 12,8 проценти од дневните тестирања кои ги направиле граѓаните во периодот од 11 јуни до 13 јули биле нови случаи на ковид-19. Најмногу позитивни случаи од тестирањата се регистрирани на 14 јуни и 28 јуни, и тоа 20,8 односно 20,2 отсто. Во овој период направени се вкупно 38.831 тестирања и регистрирани 4.872 новозаразени со корона вирус. За еден месец,...

Се поставува монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија

Во тек се подготовките за поставување на новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде лоциран на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ, информираат од Министерството за здравство. „Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да...

Во 16 општини ќе се формираат ковид-центри како подготовка за есенскиот бран

Како подготовка за евентуалниот нов бран на заболени лица од ковид-19 во нашата земја, градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, информираат од Министерството за здравство. „Овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот...

Прифатени се околу 5.000 приговори за домашна платежна картичка за млади лица до 29 години

Околу 5.000 приговори се прифатени за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица - средношколци и студенти од 16 до 29 години, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за финансии, Нина Ангеловска. „Проверка на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката...

Починаа шест лица, а регистрирани се 136 новозаразени со ковид-19

Во последните 24 часа од направени 991 тестирања, регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 и тоа, Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4, информираат од Министерството за здравство. Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и...

Хелсиншки комитет: Корона кризата доведе најмногу до прекршувања на работничките права на жените

Во периодот од 10 март до 30 јуни регистрирани се 197 случаи на повреди на правата од работен однос, кои се однесуваат на 2.723 работници, информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Оттаму додаваат дека повеќе од 60 отсто од пријавите се однесуваат на работничките, со што корона кризата неизбежно доби и родова димензија. „Најкритични беа првите шест недели по...

Анкета: Голем дел од младите летово или нема да одат на одмор или ќе одмораат во Охрид

Државите започнаа со отворање на границите за време на летната туристичка сезона, откако речиси во цел свет патувањата беа забранети поради пандемијата на ковид-19. Македонските граѓани, сепак, немаат многу опции за патување во други земји. Поради тоа, најголем дел од нив кои сакаат да патуваат летово, ќе треба да се одлучат за некоја од домашните дестинации. Младите имаат различни планови...

Седум идеи за социјализација што можете да ги направите од дома (видео)

Кика Авеиро во нејзиното ново видео ни дава идеи за поминување на време по дома или во карантин за тие што неодамна се вратени од странство. Видеото можете да го погледнете овде: https://youtu.be/ddE2CahWscI

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Четворица медиумски работници останале без работа во најголемиот пик на пандемијата, покажува истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници - вработени во различни медиуми во земјава. Освен грижата за егзистенцијата, промените што ги донесе корона вирусот се одразил и врз квалитетот на животот на новинарите. Дури 62 отсто од...

Владата ги објави протоколите за работа на културни установи и организирање настани

Со цел спречување на ширењето на корона вирусот, Владата ги усвои протоколите за работа на библиотеки, музеи, галерии и изложбени простори. За сите нив и понатаму важи задолжително носење на заштитна маска, одржување на потребното физичко растојание, обезбедување честа дезинфекција на рацете при влез и во текот на настанот, како и редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот. Ограничувањето на бројот...

СЗО: Најважна е стратегијата за следење на контактите и нивно изолирање

Единствената најважна интервенција за спречување на ширењето на корона вирусот не е секогаш технологија, туку може да ја спроведат и широк спектар на професионалци така што ќе ги лоцираат контактите коишто го шират вирусот и притоа да ги изолираат овие лица, појасни генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на вчерашниот брифинг за состојбата со ковид-19...

Починаа девет лица, а регистрирани се 176 новозаразени со ковид-19

Во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5, информираат од Министерството за здравство. Најмногу активни случаи има во Скопје и тоа 1.978. Во ГОБ „8 септември“ починаа седум лица од Скопје,...

МВР: Регистрирани 557 прекршоци за неносење заштитна маска

Во изминатото дененоќие на територија на државата, регистрирани се 557 лица кои не носеле заштитна маска на лицето, информираше Министерството за внатрешни работи. Оттаму апелираат да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата. Во периодот 27 мај - 28 јуни евидентирани се вкупно 20.967 прекршители по однос на оваа мерка. Мета.мк и претходно пишуваше дека расте нивниот број.

МВР: 13 лица во државен карантин заради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Од 12 јуни заклучно со денес, полицијата спроведе 13 лица во државен карантин поради непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу лицата е и еден полициски службеник, а против сите нив ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Воедно, лицата што се спроведени во државен...

Доцна и нецелосна најава на тестирањата за упис во средно, реагира Младинскиот образовен форум

По вчерашната најава дека во средните училишта во кои ќе има повеќе заинтересирани ученици од слободни места во прва година ќе биде спроведено квалификационо тестирање, Младинскиот образовен форум изрази загриженост околу целиот процес на тестирањето. За нив проблематично е тоа што за точниот термин учениците беа известени нецели четрити дена пред тестирањето за два теста, по математика и мајчин јазик,...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...