Прифатени се околу 5.000 приговори за домашна платежна картичка за млади лица до 29 години

Фото: Jan Vašek на Pixabay

Околу 5.000 приговори се прифатени за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Проверка на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори. Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори“ соопшти министерката Ангеловска.

Таа информираше дека денеска овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvamdomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат.

„До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори“ напиша Ангеловска.