fbpx

Починаа девет лица, а регистрирани се 176 новозаразени со ковид-19

-

Во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5, информираат од Министерството за здравство.

Најмногу активни случаи има во Скопје и тоа 1.978.

Во ГОБ „8 септември“ починаа седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години. Додека пак, во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти.

По однос на тестирањата, во последните 24 часа, направени се 870 теста. Вкупниот број на досега направени тестирања на ковид-19 изнесува 58.765. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие, на Инфективната клинкика примени се 4 пациени, со што таму вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, додека пак на кислородна подршка се 45 пациенти. Од МЗ додаваат дека во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Од почетокот на епидемијата вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...