fbpx

Седум вработени во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп се позитивни на ковид-19

-

Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со кои што работела, други болничарки и медицински сестри. Заболената болничарка ги криела симптомите и продолжила да оди на работа. По нејзина хоспитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на корона вирусот.

„Точна е информацијата дека во овој оддел има заболени лица од ковид-19. Дополнително ќе информираме за другите мерки што ќе бидат преземени. Во последните 24 часа евидентирани се 7 новозаболени во градот, од нив 4 од гинеколошкиот оддел“, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Бројот на новозаболени во Прилеп почнува да расте. Пред два дена се евидентирани 4 нови случаи, а во петокот двајца заболени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...