„Google“ ќе нуди 100,000 стипендии за онлајн курсеви

Фото: Oberholster Venita на Pixabay

На 13ти јули од „Google“ соопштија дека ќе лансираат програма со фонд за 100,000 стипендии кон нивните онлајн курсеви. Овие курсеви се дел од нивните „Google Career“ сертификати кои што им овозможуваат на луѓето кои што ги завршиле да најдат работа без потреба од диплома на факултет.  Ова е уште еден обид за борба против невработеноста која е резултат на пандемијата од Ковид-19. Од „Google“ велат дека овие сертификати ќе бидат еквивалентни со 4 годишна диплома од факултет кон соодветната професија. Трите нови курсеви со можност за понатамошно вработување во нивината компанија се: Аналитичар на податоци, Менаџмент на проекти и Дизајн на кориснички интерфејс. Покрај ова, тие соопштија дека ќе инвестираат и 10 милиони долари во грантови кон заедниците во САД. Соопштението во целост можете да го прочитате овде.