fbpx

Во 16 општини ќе се формираат ковид-центри како подготовка за есенскиот бран

-

Како подготовка за евентуалниот нов бран на заболени лица од ковид-19 во нашата земја, градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, информираат од Министерството за здравство.

„Овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирусот, а целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на ковид 19, без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти“ велат од Министерството за здравство.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид центри.

Во петокот, на 10 јули, по иницијатива на Министерот за здравство, а со поддршка на Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС), преку електронска платформа, се одржа работен состанок со градоначалниците на општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп кои изразија подготвеност и се согласија дека ќе ги стават сите свои капацитети на располагање, во рамките на нивните ингеренции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...