fbpx
Таг: ковид19

таг: ковид19

Некои наставници се принудени да пополнуваат е-дневници во училиштата, во време кога пандемијата зема замав

Иако ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија од ден-на-ден се влошува, наставниците се принудени да бидат физички присутни на училиште за да ги спроведат завршните активности на учебната година. Одлуката, која останува критериум на Министерството за образование и наука, останува на сила и покрај вториот бран на пандемијата, а притоа воопшто не е земено предвид дека просечната возраст на...

На 22 јуни ќе има тестирање за упис во средните училишта каде се пријавени поголем број ученици

Поради пандемијата со ковид-19, оваа учебна година заврши надвор од училишните клупи, а уписите во средните училишта се одвиваат под „корона услови“. Владата усвои протокол со кој се уредува начинот на кој што одвиваат уписите. Оваа учебна година најголем е интересот за средното медицинско училиште и гимназиите. Од стручните училишта, интересот е голем и за насоката телекомуникации при средното училиште...

Како се одвива онлајн полагањето? (Видео)

Поради пандемијата од ковид-19 факултетите беа приморани да организираат онлајн испитна сесија. Како се одвива тоа на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) можете да погледнете во ова видео: https://youtu.be/YbXd3Genrfk

Поднесени 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска

Продолжува прекршувањето на задолжителните мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Само во последното деноноќие, Министерството за внатрешни работи поднело 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска на лицето. Од 1 мај наваму, оваа мерка прекршочно се санкционира согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ. Мета.мк и претходно пишуваше дека расте бројот на прекршоци по...

МЦМС: Мнозинството граѓани очекуваат економска криза од која нема лесно да излеземе

Дури 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјава ќе навлезе во економска криза, а 66 отсто очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно, покажува телефонската анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) направена на 1.000 испитаници во периодот од 16 до 22 мај годинава. Што се однесува до економските мерки на Владата, средната оценка на испитаниците...

Хелсиншки комитет: Загрижува драстичното зголемување на говорот на омраза

Во месец мај забележано е повторно зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми, што е директен резултат на релаксирањето на заштитните мерки и укинувањето на полицискиот час, покажува последниот месечен извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Слично како за март и април, Хелсиншкиот комитет за човекови права продолжи да евидентира голем број пријави поврзани со говор на омраза...

Регистрирани 125 новозаразени со ковид-19, починаа седум лица

Во последните 24 часа, направени се 1.019 тестирања, при што регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство. Најголемиот дел од нив, вкупно 89, се регистрирани во Скопје, додека во Тетово има 11, Охрид 8, Куманово 4, Струга 3, Штип, Прилеп и Струмица по 2, додека по еден новозаболен има во Велес, Гостивар, Кичево и...

Во изминатото деноноќие 1.143 лица не носеле заштитна маска

Граѓаните и понатаму не ја почитуваат мерката за носење лична заштитна маска како заштита и превенција од ширење на корона вирусот. Бројката на прекршоци по овој основ надмина илјада. Само во последното деноноќие, 1.143 лица не носеле заштитна маска на лицето, информираат од Министерството за внатрешни работи. Но се зголемува и бројот на оние што одат во изолација и самоизолација....

За еден месец 5.783 лица во изолација и 2.216 во самоизолација (инфографик)

Во тек е вториот бран на корона вирусот, расте бројот на новозаразени, а со нив и бројот на лицата што одат во изолација и самоизолација. За еден месец, од 8 мај до 9 јуни, Министерството за внатрешни работи евидентирало 5.783 лица на кои им биле издадени решенија за изолација, а 2.216 потпишале изјави за самоизолација. Нивниот број почнува да расте...

Во изминатото деноноќие МВР открило 585 лица што не носеле заштитна маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатите 24 часа регистрирани се 585 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето. Додека пак, за мерката изолација и самоизолација не се евидентирани прекршители. На територијата на државата на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 потпишале изјави за самоизолација. Податоците од МВР покажуваат дека расте...

Зголемен бројот на прекршоци за неносење заштитна маска (инфографик)

Откако на 26 мај се укина мерката полициски час, оттогаш, заклучно до денес се зголемил бројот на прекршоци за неносење заштитна маска на лицето, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од 27 мај до 1 јуни евидентирани се 3.005 прекршители на оваа мерка. Најголем број прекршоци се во недела, 31 мај кога МВР регистрирало 673 лица што не...

ОЈО бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казна од 10.000 евра за поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест. Обвинетата зарази 7 свои колеги со оваа болест уште пред да биде хоспитализирана со позитивен наод на Ковид-19. Директорката...

Во последното деноноќие нема починати од Ковид-19, направени се 508 тестирања и потврдени 37 новозаразени

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Во последните 24 часа Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти. Направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 новозаразени со ковид-19 и тоа 12 во Скопје, 8 во Куманово, 7 во Тетово, 4 во Струга и по два во Штип, Прилеп...

Пет позитивни работи од пандемијата на Ковид-19 (Видео)

Дали од пандемијата со Ковид-19 може сепак да излезе и нешто позитивно? Кика Авеиро вели да, таа споделува пет работи кои, според неа, се покажуваат како позитивни ефекти како резултат на оваа пандемија. https://www.youtube.com/watch?v=oUj9sHpl9aI

Потврдени се нови 29 случаи на Ковид-19, оздравени се 6, вкупно активни има 393

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 6, Тетово 5, Струга 2, Велес 2, Битола 2 и Охрид 2, информира Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрирал 6 оздравени пациенти во: Штип 1, Велес 3, Гостивар 1 и во Кочани 1. Вкупната бројка...

Брошура на Министерството за здравство со совети за трудниците во услови на Ковид-19

Министерството за здравство, во соработка со УНФПА и ХЕРА, изготви препораки и брошура на македонски и на албански јазик за здравствена заштита на бремените жени, позната како антенатална или интерпартална грижа, во услови на Ковид-19. Брошурата е наменета за трудници и содржи совети за одржување на нивното здравје, превенција од вирусот, објаснување на симптомите, препораки како да се постапи доколку...

ФАО утврдува прекини во дистрибуцијата на храна во некои земји од Европа и Централна Азија за време на Ковид-19

И покрај тоа што во Европа и во Централна Азија, како и на глобално ниво, годинава се очекува рекордно производство на пченица, како резултат на мерките за ублажување на пандемијата Ковид-19, наметнати се предизвици и прекини во дистрибуцијата на храна и земјоделското производство во некои земји, констатира ФАО, организацијата на ОН за исхрана и земјоделство. Ова е дел од новата...

Оздравени 64 пациенти, потврдени нови 22 случаи на Ковид-19, вкупно регистрирани 1.664

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти, од кои во Скопје 17, во Куманово 9, Прилеп 12, Тетово 3, Струга 12, Охрид 9, Гостивар 1 и Кичево 1 пациент. Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Кковид-19, и тоа во Скопје 13, во Прилеп 2...

Комисијата за заразни болести предложи досегашните мерки да останат на сила

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата сите досегашни мерки да останат на сила. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на кој беше разгледувана можноста за олеснување на мерките за превенција и заштита од корона вирусот. „Трендот на нови случаи со Ковид-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата...

Потврдени 36 новозаразени, оздравени 13 и еден починат пациент од корона вирусот

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Тетово: 12 Скопје: 7 Велес: 6 Куманово: 4 Прилеп: 4 Гостивар: 1 Пехчево 1 Берово: 1 Регистрирани се и 13 оздравени пациенти, од кои 6 во Скопје, двајца во Куманово, и по еден во градовите Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Пехчево и Виница. На Клиниката за...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...