Корона вирусот претставува нов предизвик со кој сите се соочуваме. Најтешко е за медицинскиот персонал бидејќи тие се на првата линија во борбата со вирусот. Докторката Блерта Џемаили, говори за „Порталб.мк“, обраќајќи им се на граѓаните во земјава, притоа наведувајќи ги можните начини како да се избегне овој вирус.
Какво искуство стекнавте од справувањето со корона вирусот, како претходно непознат вирус за Вас?
Корона вирусот, како глобална пандемија сé уште е нејасен и многу вистинит, вирусите Корона се големо семејство на вируси кои исто така ги опфаќаат и корона вирусите МЕРС и САРС. Заразените лица имаат кашлица, висока температура како и отежнато дишење, а потешките случаи и пневмонија. Меѓутоа, одреден дел од пациентите се само асимптоматични носители на вирусот.
Како Вие како докторка, се справувате со ситуацијата?
Ова е предизвик со кој сите се соочуваме, особено медицинскиот персонал кој е во првата линија. Беше ново доживување за мене како докторка знаејќи дека постојано сме под притисок од ширењето на вирусот, а воедно страв бидејќи не знаеме дали и сами ќе се разболиме, или ќе се разболат нашите најблиски.
Каква е моменталната состојба во нашата земја што се однесува до бројот на заразени?
Во мојот регион бројот на заразени и починати со корона вирус од почетокот на пандемијата е вознемирувачки висок. Новите позитивни случаи се од различни возрасти, најголемиот број на заразени се од категоријата на постари лица, меѓутоа и младите не се поштедени зависно од имуниот систем. Тестирањата детектираат присуство на антитела од вирусот и директно присуство на самиот вирус.
Според вас, кое е решението за да се надмине оваа ситуација?
Ако се намали контактот помеѓу луѓето тогаш брзината на пренесување ќе се намали. Обидете се да не го допирате лицето со раце. Вирусите можат да опстојат долг период и потоа тие можат да навлезат во вашето тело преку мембраните на назалната мукоза, устата и очите. Вирусот се пренесува од лице на лице, првин преку капките што се исфрлаат во воздух од кашлањето или кивањето. Заболените сe носители и во текот на периодот на инкубација, што трае од 4 до 11 дена. Ова значи дека луѓето можат да заразат и други со вирусот и доколку тие немаат никакви симптоми.
СЗО предвидуваше дека ќе има и втор потежок бран во есен што се однесува до вирусот, од друга страна бројот на заразени во нашата земја постојано расте. Дали мислите дека ова е вториот бран за нас или пак сé уште не сме го поминале првиот бран?
Ние се уште сме во првиот бран бидејќи бројот на заразени расте од ден во ден, се уште не сме го надминале, а ситуацијата станува сè поалармантна. Но стравот од втор бран на болеста продолжува како што најавува и СЗО, и тој се очекува да се случи вo есен.
Дали ги поседувате потребните материјални и човечки ресурси за предизвикот со кој се соочувате?
Ние како медицински персонал се обидуваме секој ден да бидеме во служба на нашите пациенти, исто така сме опремени со маски, ракавици, визири и заштитна облека со цел колку толку да се намали опасноста. Преку телефон сме се обидувале што порелаксирано да комуницираме со заразените пациенти поставувајќи прашања за симптомите за да одредиме термин за тестирање. Станува збор за вирусна пандемија, антибиотиците не помагаат.
Зошто, за разлика од другите земји во регионот, Северна Македонија има алармантни бројки на заразени и починати од корона вирусот?
Бидејќи, по олеснувањето на рестриктивните мерки бројот на новозаразени расте, исто и недржењето на дистанца, неносењето на маски, криењето на симптомите и нивното занемарување, како и непријавувањето кај матичниот лекар.
Каква порака имате до граѓаните во врска со ова?
Да се почне со добро и често миење на рацете, користење на солуција врз алкохолна база, маски за покривање на носот и устата, одржување на растојание, како и храна и пијалаци богати со витамин Ц. Нема место за паника, но загриженоста останува. Корона вирусот предизвика пандемија во целиот свет. Моментално во целиот свет има 13,6 милиони луѓе заразени и речиси 600 илјади починати.