fbpx

Починаа шест лица, а регистрирани се 136 новозаразени со ковид-19

-

Во последните 24 часа од направени 991 тестирања, регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 и тоа, Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4, информираат од Министерството за здравство.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица.

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, со што таму вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина, додека пак на кислородна поддршка се 55 пациенти.

Од МЗ додаваат дека во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.111, бројката на оздравени пациенти е 4.203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526.

Во моментов најмногу активни случаи, 1.830 има во Скопје, 320 во Тетово, 186 во Куманово, 172 во Штип, 161 во Струга, Гостивар 143 и 133 во Охрид.

Најмногу активни случаи во Скопје има во општините Чаир (300), Гази баба (189) Аеродром (159), Карпош (140), Центар (138), Бутел (131) и Сарај (120).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...