fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

(ГАЛЕРИЈА) Пет велосипеди произведуваа струја за проекција на филм во Градски парк

Првото еко-кино на точак во Скопје се случи синоќа во Градски парк. Во организација на здружението за развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“, присутните имаа можност да го погледнат документарниот филм „Живот на нашата планета“ (A Life on Our Planet) на Дејвид Атенбороу. Наместо на традиционален начин, неговата проекција ја овозможија пет велосипеди кои произведуваа електрична енергија. Во...

Еко-свест: Општините и граѓаните да се вклучат во намалување на емисиите на стакленички гасови

Денеска се одбележува 21 септември како Меѓународен Зе Ден за намалување на емисиите на стакленички гасови во светот. По тој повод, од „Еко-свест“ велат дека општините треба да се вклучат во напорот за ублажување на влијанието на климатските промени. Од „Еко-свест“ посочуваат дека општините не располагаат со доволен капацитет и кадар којшто треба да ги спроведе мерките за намалување...

Климатските промени доведуваат милиони луѓе до ризик од ропство и трговија со луѓе

Сушите и поплавите во различни региони од светот предизвикуваат милиони луѓе да ги напуштат селските средини во кои дотогаш живееле и да постанат предмет на експлоатација во градовите, пишува весникот Гардијан. Новиот извештај на Меѓународниот институт за животна средина и развој и Anti-Slavery International открива дека климатските промени кои предизвикуваат екстремни временски непогоди, како што се суши, поплави или големи...

(Фото) Глобално затоплување: Морска слуз се појавува на плажите во Халкидики

Лигавата пена наречена морска слуз, што е резултат на глобалното затоплување, ова лето неколку пати се појавила на грчките плажи. Снимките од неколку од плажите на Халкидики направени овој септември посведочија дека навистина морето повремено исфрла таква пена. Научниците ја поврзуваат појавата на морската слуз со глобалното затоплување. Загревањето на атмосферата, благодарејќи на ефектот на стаклена бавча ја подига и...

Амбасадорката Галовеј за МИА: Конференцијата за климатски промени во Глазгов цели да се испорача договореното од Париз

Британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј во денешното интервју за агенцијата МИА акцентот го стави на претстојната Конференција за климатски промени на ОН - КОП 26, којшто ќе се одржи во Глазгов. Настанот е закажан за периодот од 31 октомври до 12 ноември, а амбасадорката Галовеј вели дека британската влада минатата година најавила амбициозен климатски акциски план со 10...

Во заштита на шумите за пет години сме инвестирале само 480.000 евра, не е чудо што ги снемува

С.Македонија премалку инвестира во заштита на шумите, а краен резултат од ваквата негативна пракса е уништувањето на огромни пространства засадени под дрвја. Во изминативе пет години, трошоците и инвестициите за заштита на шумите во земјава изнесувале само 29.516.000 денари, односно скромни 480.000 евра. За разлика од ова, големите шумски пожари што ја зафатија нашата земја годинава предизвикаа штета од...

Во САД претставен првиот товарен воз на батерии што полни енергија од кочење

Првиот товарен воз во светот што е придвижен од хибридна локомотива на батерии што произведува енергија од кочењето деновиве беше претставен во Питсбург, САД, јавува Гардијан. Овој иновативен проект претставува нов обид на американските власти да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид од железничкиот транспорт, со цел да се справат со климатските промени. Железничкото транспортно претпријатие Вабтек ја презентираше новата...

Пендаровски и Нуредини ќе учествуваат на климатскиот Лидерски самит во Глазгов

На клучниот самит за климатски промени што ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов ќе учествуваат претседателот Стево Пендаровски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тие ќе ги презентираат позициите на нашата земја на климатскиот Лидерски самит во Глазгов. Заеднички домаќини на 26-тата Конференција за климатски промени на Обединетите нации ќе...

Еден прекуокеански лет има климатско влијание што би можело да ја чини економијата 3.000 долари

Еден прекуокеански лет меѓу Обединетото Кралство и Њујорк на долг рок има климатско влијание што би можело да ја чини глобалната економија 3.000 долари, кои би требало да се потрошат на справување со последиците од климатската криза, пишува весникот „Гардијан“. Истражувањето за ваквите трошоци што произлегуваат од испуштањето на штетните емисии на стакленички гасови е изработено од експерти од Универзитетот...

Нуредини: До крајот на годинава ќе биде донесен Законот за климатска акција

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во денешното обраќање на „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина“ (МЕФ) изјави дека до крајот на годинава ќе биде донесен Законот за климатска акција. Овој потег ќе следи по неодамнешното усвојување на Долгорочната стратегија за климатска акција. Нуредини укажа и на мошне амбициозниот Национален придонес кон договорот од Париз,...

Младите во светот се длабоко вознемирени од климатските промени, покажа ново истражување

Ново глобално истражување ја покажува длабоката вознемиреност која младите лица во светот ја чувствуваат во однос на климатските промени, пренесува „Би-би-си“. Извештајот од истражувањето кое во 10 земји го спровел Универзитетот Бат во соработка со други пет универзитети, бил објавен во списанието „Lancet Planetary Health“. Во извештајот се тврди дека ова е најголемо истражување од ваков вид досега, со одговори...

Европскиот воз вчера пристигна во Скопје, ЕУ ја промовира железницата како превозно средство [галерија]

Единствениот меѓународен патнички воз годинава меѓу Белград и Скопје вчера вечер пристигна на Железничката станица во Скопје. Европскиот воз „Connecting Europe Express“ го посети главниот град на земјава, за да ја испрати пораката на ЕУ дека иднината на транспортот е во железницата. Со возот од Белград допатува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а европскиот воз на...

Започна со работа најголемата фабрика за апсорпција на јаглерод диоксид во светот

Најголемата фабрика во светот дизајнирана за вшмукување на јаглерод диоксид од воздухот и негово депонирање под земјата вчера започна со работа во Исланд, соопштија команиите кои стојат зад проектот. Фабриката наречена „Орка“, според исландскиот збор „орка“ кој значи „енергија“, се состои од четири единици, од кои секоја е составена од два резервоара. За да се апсорбира јаглерод диоксид, фабриката користи вентилатори...

По пожарите, Грција формираше ново министерство за климатски промени

Грција формираше ново министерство кое ќе се справува со влијанието на климатските промени во земјата по катастрофалните пожари што ја погодија земјата изминатово лето. На чело на новото министерство е поставен поранешниот кипарски еврокомесар Христос Стилијанидес, јавува Јуроњуз. Владата призна дека изминатово лето постоеле грешки во справувањето со шумските пожари во Грција, кои проголтаа 116.000 хектари шума на островот Евија...

Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години

Покрај тоа што се уништија едни од најубавите шумски предели во земјава и е предизвикана штета од околу 31,1 милиони евра, пожарите што годинава ја зафатија земјата предизвикаа катастрофа на шумскиот фонд, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, велат за „Мета.мк“ од ЈП Национални шуми. Заклучно со 15 август, годинава биле опожарени површини...

Отворен повик за учество на млади на Младинскиот климатски самит во Скопје

Отворен е повикот за учество на млади лица на Младинскиот самит за климатски промени кој ќе се одржи на 10 септември во паркот на МКЦ во Скопје. Самитот ќе им даде шанса на младите на возраст од 15 до 24 години да се вклучат во дијалог со креаторите на политики, да разменат мислења и да се поврзат со други...

Усвоена првата Стратегија за климатска акција, визијата е земјава да биде просперитетна ниско-јаглеродна економија

Владата ја усвои првата Долгорочна стратегија за климатска акција на С. Македонија, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско- јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во Европската унија. Донесувањето на документот следува откако земјава годинава го поднесе својот ревидиран национален...

Со поместување на мразот на Гренланд, научниците го открија најсеверниот остров на светот

Поместувањето на дебелите санти мраз на Гренланд им овозможи на научниците да го откријат најсеверниот остров на светот, јавува „Гардијан“. Досега тоа беше островот „Oodaaq“, кој исто така се наоѓа на Гренланд. Сепак, неодамнешната научна експедиција откри нов остров на 780 метри северозападно од него, кој е широк околу 30 метри и има врв висок три метри. Новооткриениот остров засега...

За една деценија регистрирани дополнителни 150.000 возила, најголем дел половни [инфографик]

Од 350.762 регистрирани возила во 2012 година до 500.633 возила со македонски регистарски таблички лани. За помалку од една деценија, бројот на возила што сообраќаат на патиштата во земјава е зголемен за дури 150.000. Најзагрижувачки е што станува збор за половни возила со високо ниво на загадување. Стапката на моторизација на македонските граѓани забрзано расте од година во година,...

„Мета.мк“ денеска ја стартува емисијата за млади „Шорткат“, секој четврток во 19 часот нова епизода

Новинската агенција „Мета.мк“ од денеска започнува со објава на редовна информативна емисија за млади наречена „Шорткат“. Епизодите долги по 10-тина минути ќе се емитуваат секој четврток во 19 часот, додека емисијата на албански јазик што ја подготвува порталот „Порталб.мк“ ќе биде достапна за младите секој четврток во 20 часот. Новата емисија е предвидено да се емитува редовно на Фејсбук страницата...