fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Младите со конкретни прашања, предлози и барања на денешниот Самит за климатски промени во МКЦ

На нецели две недели пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (КОП 26) во Глазгов, младите од Северна Македонија денеска испратија конкретни прашања, предлози и барања до институциите и амбасадорите во земјава на „Младинскиот климатски самит“, којшто се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Кога ќе може секое училиште во земјава да добие опрема за...

За зелениот фонд против аерозагадување и климатски промени земјава бара средства од Обединетите нации

Зелениот фонд за борба против аерозагадување и климатските промени ќе се операционализира преку средства што земјава ќе ги добие од глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој при Обединетите нации. Владата на денешната седница ја усвои информацијата за доставување на предлог-проектот до ОН и го задолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи да достави до Канцеларијата на Постојниот координатор на ОН...

Младинскиот самит за климатски промени ќе се одржи во МКЦ на 20 октомври

Младите ќе имаат вистинска можност да продонесат во преговорите за климатските промени на меѓународно ниво на Младинскиот самит за климатски промени. Самитот што ќе се одржи во Скопје е закажан за 20 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ). Младите луѓе на возраст од 15 до 24 години ќе имаат можност да водат дијалог со носителите на одлуки и меѓународната заедница,...

Во борба против климатските промени, во Париз ќе се засадат 170.000 нови дрвја

Аерозагадувањето е еден од проблемите со кои се соочува Париз сиот изминат период, што ги натера тамошните општински власти на одлучен потег. До 2026 година ќе бидат засадени 170.000 нови дрвја низ Париз, јавуваат светските медиуми. Локалната самоуправа планира да засади нови дрвја на секоја можна локација каде што има простор за оваа намена, почнувајќи од постојните паркови, плоштади и...

Дипломатите во последен обид да ги донесат светските лидери на Конференцијата за климатски промени

Велика Британија, САД и ЕУ вложуваат огромни напори преку својата климатска дипломатија за да ги донесат сите светски лидери на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации КОП 26, кој ќе започне во Глазгов на 31 октомври, пренесува Гардијан. Станува збор за лидерите на Кина, Индија, Индонезија, Саудиска Арабија, Бразил, Русија и Мексико, кои досега не излегоа со нови ветувања...

Капетан Кирк по враќањето од вселената: Уништувањето на планетата е самоубиство за сите нас

Вилијам Шатнер „обземен од тага“ разговараше за неговото искуство од летот во вселената. Само еден ден откако се врати од патувањето со ракетата Blue Origin, Шатнер, се појави на Си-Ен-Ен за да разговара за незаборавното искуство од вселенското патување. Канадскиот 90-годишен актер, кој го знаеме по ликот на Капетан Џејмс Т. Кирк во легендарниот ТВ серијал „Ѕвездени Патеки“, откри...

Обединетото Кралство ги поддржува амбициозните национални климатски цели на С. Македонија

Справувањето со климатските промени и амбициите кои си ги постави С. Македонија во пресрет на COP26, кој годинава ќе се одржи во Глазгов, беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Н.Е. Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја, и министерот за животна средина, Насер Нуредини. Министерката Мортон, на средбата со...

Временските и климатски катастрофи кои ги погодија САД годинава чинат речиси 105 милијарди долари

Речиси 105 милијарди долари ги чинат Соединетите Американски Држави (САД) климатските промени, земајќи во предвид дека во првите девет месеци од годинава земјата ја погодиле 18 временски и климатски катастрофи, покажува извештајот на центарот при Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), пренесува новинската агенција Анадолија.  Просечното време меѓу таквите катастрофи со штета од милијарди долари паднале од 82 дена...

За „зелено“ затоплување и транспорт, Австрија за граѓаните воведува еколошки данок и бонуси

Од 1 јули 2022 година граѓаните на Австрија ќе добијат реформиран даночен систем, којшто ќе зависи од емисиите на јаглерод диоксид што ги испуштаат самите поединци. Секој граѓанин ќе биде оданочен со 30 евра по создаден еден тон на јаглерод диоксид испуштен во атмосферата, којшто во 2025 година ќе се искачи на 55 евра по испуштен тон од овие...

Климатските активисти бараат одговорност: Болсонаро почна сеопшт напад врз Амазонија

Група правници-климатски активисти побараа од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да го испита бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за неговите наводни напади врз Амазон, за кои велат дека претставуваат „злосторства против човештвото“, објави денес Си-Ен-Ен. Австрискиот застапник за еколошка правда Олрајс утрово поднел официјална жалба до судот во Хаг. Поднесена е тужба против Болсонаро и неговата администрација за дејствија „директно поврзани со...

Пред Самитот во Глазгов, здравствените организации потсетија на придобивките од климатските активности

Светските лидери, кои ќе се соберат на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации COP 26 во Глазгов, добија отворено писмо од над 400 меѓународни здравствени организации и експерти, јавува Гардијан. Тие ги повикуваат политичарите да ги земат во предвид здравствените придобивки од климатските активности пред одржувањето на COP 26, кој е предвидено да започне на 31 октомври. „Знаеме дека...

Гугл и Јутјуб повеќе нема да дозволуваат рекламирање на содржини што ги негираат климатските промени

Гугл објави дека повеќе нема да се исплаќаат пари на креаторите на содржини што го промовираат негирањето на климатските промени и нема да поставуваат реклами на вакви содржини или реклами што го прават тоа. Промената ќе ги опфати издавачите, рекламерите и креаторите на содржини на Јутјуб и тие повеќе нема да може да печалат пари од содржини што „се спротивставуваат...

Тројца научници се добитници на овогодишната Нобелова награда за физика

Научниците Сјукуро Манабе (Јапонија/САД), Клаус Хаселман (Германија) и Џорџо Паризи (Италија) се тројцата добитници на овогодишната Нобелова награда за физика, соопшти Нобеловиот комитет. „Нобеловата награда за физика за 2021 година беше доделена за 'извонредниот придонес во нашето разбирање на сложените системи', со една половина доделена на Сјукуро Манабе и Клаус Хаселман за физичкото моделирање на климата на Земјината топка, квантифицирање...

ЈП „Национални шуми“ започна вонредна акција за пошумување по пожарите, Заев и Хоџа први засадија дрвца

По големите шумски пожари што ја зафатија земјава изминатото лето, ЈП „Национални шуми“ ја започна вонредната програма за санирање на штетите. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, денеска учествуваа во засадувањето со садници. Претпријатието го чекаше почетокот на поволните временски и сезонски услови, за...

Дали е возможно до 2050 година да ги намалиме за 72 отсто емисиите на стакленички гасови?

Намалување на емисиите на стакленички гасови за 72 отсто до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година, е амбициозната цел поставена во новата Стратегија за климатска акција, која неодамна беше донесена. Тоа би бил придонесот на земјава кон глобалниот напор за ублажување на последиците од климатските промени. Документот предвидува инвестиции од 35 милијарди евра во следните три децении,...

По пожарите летово, сушниот период ги сведе на минимум водостоите на реките и езерата

Водостоите на реките и езерата се сведени на минимум, како резултат на сушниот период што ја зафати земјава во изминатиов период. Со исклучок на реката Вардар кај Демир Капија и реката Струмица кај Сушево, на останатите 17 локации низ земјава на кои се врши мерењето, водостојот е помал од просекот за септември, покажуваат последните податоци на Управата за хидрометеоролошки...

Зголемување на климатската отпорност во македонското земјоделство преку квалитетно производство на семе

Климатските промени имаат сериозно влијание врз македонското земјоделство преку недостаток на вода, намалени приноси, штети врз земјоделското производство, а сето тоа влијае на сигурноста на храната и егзистенцијата на руралното население кое зависи од земјоделството. Ограничениот пристап и високите цени на земјоделските суровини, како високо квалитетен семенски материјал, но и капацитети за нивно производство, складирање и примена, дополнително влијаат...

Шумските пожари изминатово лето биле ем побројни, ем покатастрофални и донеле рекордни емисии на CO2

Службата за следење на атмосферата на ЕУ „Коперникус“ деновиве објави загрижувачки податоци за емисиите на стакленички гасови по катастрофалните пожари кои летово ја зафатија северната хемисфера на Земјината топка. Во текот на овогодинешната сезона во јули и август забележани се „екстремни пожари и по интензитет и по фреквенција“. Само во јули, на глобално ниво биле испуштени 1.259 мегатони на...

The Climate Herald: Црвените зони на енергетската сиромаштија во Европа

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува ново истражување. Преку Renovation Wave програмата (во превод: Реновациски бран), ЕУ има можност да се справи со овој проблем што во моментов влијае на 150 милиони луѓе низ целиот континент. Преку оваа програма ЕУ има за цел да вложи во обнова на стари згради за подобрување на...

Пендаровски во ОН: Важно е младите да учат од нашите неуспеси

„Доколку сакаме да ја задржиме моралната супериорност на демократијата во однос на другите модели на политичко управување, мораме да инвестираме во неа, особено меѓу младите генерации“, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. „Важно е младите да учат од нашите неуспеси честопати предизвикани од добри намери“, даде тој во својот говор...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...