fbpx
Таг: Катица Јанева

таг: Катица Јанева

МВР: Висок степен на опасност по животот на Јанева и на нејзините соработници

Со оглед на високиот степен на опасност по животот и по личниот интегритет при вршењето на работните задачи во Специјалното јавно обвинителство, од Министерството за внатрешни работи е побаран одреден број полициски службеници за јавната обвинителка Катица Јанева и за нејзините соработници - обвинители, соопшти попладнево МВР. „Од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои...

Јанева со тимот на терен во Битола, ја испитува работата на Талески и на Општината

Специјалната обвинителка Катица Јанева и членови на нејзиниот тим деновиве биле во посета на Битола, а во врска со постапката што Специјалното јавно обвинителство ја води против градоначалникот на Општината, Владимир Талески, дознава „Мета“. Од обвинителството ни потврдија дека членови на тимот на Јанева ја посетиле Битола, но не прецизираат дали со нив била и Јанева. „Точно е дека членови на тимот на...

Јанева и тимот сериозно загрижени по говорот на Груевски, побарале засилено обезбедување

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзиниот тим обвинители побарале зголемено обезбедување по вчерашното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое, меѓу другото, остро ја нападна Јанева, информираат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка. „Во однос на јавното обраќање на претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да искажеме дека како јавно обвинителство сме сериозно загрижени, поради што ова јавно...

Буџетот на Јанева денеска и утре на комисии, в среда на пленарна седница

На комисиска расправа во Собранието денеска ќе се разгледува буџетот на Специјалното јавно обвинителство за тековната 2016 година. Со предлог-одлуката за релокација на средства од буџетот, се предвидува за ова обвинителство да бидат издвоени околу четири милиони евра, од кои поголем дел се наменети за плати. Предлог-одлуката прво ќе ја разгледува Комисијата за финансирање и буџет, утре е предвидено да се...

Седницата на Советот на јавни обвинители одложена за 27 јануари

Седницата на Советот за јавни обвинители, на која зад затворени врати требаше да се расправа за работењето на Катица Јанева, нема да се одржи. Таа е одложена за 27 јануари, а според информациите на медиумите, откажувањето е поради болест на претседателот на Советот. На оваа седница требаше да се дискутира за предавањето на материјалите на Зоран Заев и за тоа зошто не...

Јанева ги побарала од судот предметите за Мартин Нешковски и за Љубе Бошкоски

Покрај докази од предметот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева од судот ги побарала и предметите за убиството на Мартин Нешковски и за случајот „Изборна кампања“, во кој осуден е Љубе Бошкоски, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од кабинетот на Јанева, укажуваат дека не наишле на соработка од страна на судот, кој не им ги доставил предметите, туку побарал обвинителите...

Катица Јанева бара поголема надлежност врз заштитените сведоци

Катица Јанева преку амандмани на постојниот Закон за заштитени сведоци ќе бара да ѝ се олесни користењето ваков вид сведоци. Истовремено, со амандманите се бара во законот да фигурира и Специјалното обвинителство за тоа да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, потврди за „Мета“, портпаролката на Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Ленче Ристовска. - Станува збор за амандмани...

Заев: Избори ќе има кога ќе се исполнат сите услови

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, денеска во интервју за телевизијата „Канал 5“ соопшти дека на граѓаните, доколку победи на изборите, ќе им понуди транспарентно носење на буџетот и слобода на медиумите. Интересно е дека во еден момент од интервјуто, додека разговараа за слободата на медиумите, главната уредничка на телевизијата, Лидија Богатинова, му рече на Заев: „Ова интервју немаше да...

Кукан, Ховит и Вајгл: Да не се опструира специјалната обвинителка

Тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, денеска одржаа прес-конференција на која ги кажаа своите гледишта и очекувања од дводневните средби со претставниците на политичките партии, Државната изборна комисија, специјалната јавна обвинителка и со претставниците на невладините организации. Заедничко за сите тројца е тоа што сметаат дека Договорот од Пржино не е целосно имплементиран, дека има итни реформи...

Бриселската тројка без изјави по средбата со Заев

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан денеска одбија да дадат каква било изјава по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наведувајќи дека тоа ќе го направат утре, откако тоа ќе завршат сите предвидени средби. Бриселската тројка по средбата во седиштето во СДСМ се упати кон Канцеларијата на Европската комисија во Скопје, каде, според најавите, тројцата европратеници треба...

Бриселската тројка ќе го откочува Договорот од Пржино

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска напладне ќе ги почнат средбите со претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје. За време на посетата, европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посредуваше при носењето на Договорот, ќе се сретне и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева...

Европратениците ќе имаат одвоени средби со политичките лидери, Јанева и со ДИК

Европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел в понеделник ќе имаат одвоени средби со потписниците на Договорот од Пржино, но сè уште не се знае дали ќе се одржи и заедничка средба со нив, дознава „Мета“. Европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во постигнувањето на договорот, со политичките лидери ќе разговараат за целосното спроведување на договорот,...

Јанева испрати обвинители во Битола за „бомбата“ за школскиот превоз

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола. Според извори на „Мета“, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година. Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за...

Пратениците го изгласаа Законот за јавнообвинителска служба на Јанева

Со 75 гласа „за“, пратениците во Собранието попладнево го донесоа Законот за измена и за дополнување на Законот за јавнобвинителска служба, што го бараше специјалната обвинителка Катица Јанева. Измените беа разгледувани во итна постапка. За два часа ја поминаа расправата на пленарна седница, а потоа и второто читање во собраниските комисии. Со овие измени во постојната регулатива во членот 4 се...

Трајанов: Власта нишани во Јанева, а пука во судот

Медиумската хајка што деновиве се води против Специјалното јавно обвинителство, според Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, е насочена и кон судот кој треба да одлучи дали првообвинетиот за случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, ќе биде ослободен од притвор, објави „А1 он“. Тој очекува институциите да ја опструираат работата на специјалната обвинителка и да не соработуваат при обезбедување докази во постапките...

Судот ги бара од Јанева пасошите на Верушевски и на Лазаревски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави пасошите на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски за да може да одлучи по предлозите и мислењето во врска укинувањето или замена на мерката притвор на двајцата обвинети во случајот „Пуч“, соопшти денеска Осовниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по предлозите на обвинетите, во кои не е...

ВМРО-ДПМНЕ ѝ спрема народ и протести на Јанева?

Согласноста на специјалната обвинителка, Катица Јанева, со предлогот на одбраната на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во „Пуч“, тие да излезат од притвор, предизвика жестока реакција од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и најави дека на Јанева „може да ѝ се случи народ“, односно ГДОМ. Аналитичарот Александар Пандов, кој беше дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кое...

Милошоски: Одлуката на Јанева за притворот на Верушевски е скандалозна и опасна

Она што Зоран Заев го нарача и го нареди, Верушевски да се ослободи од притвор, Катица Јанева го исполни, рече денеска на прес-конференција пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, додавајќи дека „срамна и жална е леснотијата и ароганцијата со која Јанева поданички и додворувачки побрза да му удоволи на Заев“. - Одлуката на Јанева, да не...

Јанева се согласила Верушевски и Лазаревски да излезат од притвор

Специјалното обвинителство не барало замена на притворот на Зоран Верушевски, обвинет во случајот „Пуч“, со куќен притвор, како што објaвија дел од медиумите, туку постапувајќи по барање на судот, дало позитивно мислење на предлогот на одбраната и образложиле зошто сметаат дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција, велат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка Катица...

Јанева напредува во истрагата и покрај отежнатата соработка со субјектите

Соработката со субјектите до кои се обраќа Специјалното обвинителство е отежната, но и покрај ваквата состојба предистражната постапка по предметите за кои е воспоставена надлженост е во тек и има извесен напредок, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Во изминатиот период, особен интерес беше изразен за нашето постапување по однос на бараните материјали од СДСМ. Повторно укажуваме...