fbpx

Јанева испрати обвинители во Битола за „бомбата“ за школскиот превоз

-

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола.

Според извори на „Мета“, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година.

Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за бројот на ученици, за релациите, за километражата и за цените на услугите.

Како што потврди Драган Стојановиќ, директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, вчера неколку од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство го посетиле училиштето и собирале докази за бесплатниот школски превоз.

– Обвинителите од Скопје бараа списоци за бројот на ученици, корисници на бесплатниот превоз, за две учебни години. Ние сите документи ги чуваме во архива и им ги доставивме. Ова за нас е дел од работата, тие добиле овластување да постапуваат, а ние, нормално, ќе ги почитуваме законите и ќе соработуваме – вели Стојановиќ.

Во еден од прислушуваните разговори, министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека договорот за бесплатниот школски превоз во Битола, кој е потпишан од градоначалникот Владимир Телески, е „коруптивен до даска“.

По објавувањето на овој разговор, пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет, кој неодамна го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Ковачевски пред да ја поднесе кривичната пријава рече дека во аудиоснимките станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени биле дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...