fbpx

Бриселската тројка без изјави по средбата со Заев

-

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан денеска одбија да дадат каква било изјава по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наведувајќи дека тоа ќе го направат утре, откако тоа ќе завршат сите предвидени средби.

Бриселската тројка по средбата во седиштето во СДСМ се упати кон Канцеларијата на Европската комисија во Скопје, каде, според најавите, тројцата европратеници треба да се сретнат со лидерите на албанските партии, Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА.

Европратениците, кои заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваа во носењето на Договорот од Пржино, нема да се сретнат со премиерот Никола Груевски, кој е во посета на САД, но ќе имаат средба со високи функионери на ВМРО-ДПМНЕ.

Средбата со претставниците на ДИК и со специјалната обвинителка Катица Јанева се закажани за утре, по што во 13 часот ќе одржат прес-конференција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...