недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Едвард Кукан | 52 резултати

Постои нова динамика во земјата на нејзниот пат кон ЕУ, оценија Вајгл, Кукан и Фленкештајн

септември 1, 2017

Европратениците Кнут Флекештајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл, вчера и денеска имаа средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со лидерите на политичките партии и со координаторите на пратеничките групи, со кои разговараа за актуелните случувања во земјата и за зајакнување на политичкиот дијалог во Собранието. Тројцата европратеници, како што се наведува во заедничката изјава, […]

Ахмети: ДУИ останува посветена на реформите и на решавање на споровите со соседите

септември 1, 2017

Демократската унија за интеграција (ДУИ) останува ангажирана во спроведувањето на реформите и во решавањето на проблемите, како што е прашањето за името и другите отворени прашања со соседните земји, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците Едвард Кукан и Иво Вајгл. – Храбро ќе бараме и ќе работиме во правец на споменатите […]

Планот „3-6-9“ се спроведува забрзано, ѝ соопштил Заев на бриселската тројка

септември 1, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн разговарал за актуелната политичка состојба во Република Македонија во пресрет на локалните избори, спроведувањето на зацртаниот реформски процес, како и за надворешната политика и за евроатлантските процеси. На сребата Заев ги информирал дека спроведувањето на реформскиот план „3-6-9“ е инклузивен процес […]

Џафери со европратеничката тројка: Политичкиот дијалог во Собранието мора да се унапредува

август 31, 2017

Претседателот на Собранието на Република Македонијa, Талат Џафери, денеска во Скопје имал средба со европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан, на која ги информирал за актуелната политичка состојба во земјава, активностите на Собранието и за реформските активности што ќе се преземат на планот на европската и на евроатлантската интеграција на Македонија. Џафери, како […]

Манчевски во Брисел: Ќе продолжат демократските процеси во Македонија

мај 5, 2017

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Дамјан Манчевски, при вчерашната посета на Европскиот парламент, присуствувал на заедничкиот состанок на пратеници од Европскиот парламент, на кој биле и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и амбасадорот на Македонија во ЕУ, Андреј Лепавцов. „На состанокот, еврокомесарот Хан ги оцени случувањата во Собранието на Република […]

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Очекуваме влада за две недели, одложувањето ќе има последици

мај 2, 2017

Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, кои беа посредници во постигнувањето на Договорот од Пржино во јули 2015 година, денеска во заедничка изјава повторно го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја почитува волјата на парламентарното мнозинство и побараа тие што имаат политичка и криминална одговорност за насилствата да сносат соодветни последици. „Официјалната истрага треба […]

Кукан се надева на значителен пресврт во кризата во Македонија и на Балканот

април 21, 2017

Европратеникот Едвард Кукан, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент, во интервју за „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) вели дека во наредните месеци очекува значителен пресврт во политичките случувања во Македонија и во другите балкански земји зафатени од „трендот“ на блокада и на бојкот на клучните институции. – Ние се соочуваме со сериозна […]

ЕП: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, кризата ја оддалечува од ЕУ

април 6, 2017

На пленарната седница на која се разгледуваше извештајот што известувачот Иво Вајгл го подготви за напредокот на Македонија во 2016 година, Европскиот парламент синоќа изрази загриженост поради политичката состојба во Македонија. Европарламентарците оценија дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и оти со продлабочувањето на политичката криза се загрозува европската перспектива на земјата. Тие побараа да […]

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Нема оправдување за тактиките на одолговлекување

април 5, 2017

Не гледаме никакво оправдување за одолговлекувачките тактики што се користат во Собранието за одложување на изборот на нов спикер и за формирање влада, стои во заедничкото изјава на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, по средбата со шефот на македонската дипломатија во заминување, Никола Попоски, во Стразбур. Попладнево Европскиот парламент на пленарна […]

Кукан: Бојкотот на парламентот стана омилен спорт на Балканот

март 29, 2017

Бојкотот на парламентот се претвори во спорт во Балканскиот регион, но политичката дебата во земјите треба да се води во парламентот, изјави европратеникот Едвард Кукан, за време на вчерашната дебата во Европскиот парламент, насловена „Криза на демократијата на Западен Балкан“. Кукан, говорејќи за политичката ситуација во Македонија, Албанија, Црна Гора и во Косово, рече дека […]

Флекенштајн: ВМРО не сака да се тргне, а ЕУ и ЕПП не ја поддржуваат таквата политика

март 28, 2017

Европратеникот и известувач за Македонија на Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, изјави дека е разочаран од случувањата во македонската држава и порача дека Европската Унија треба демократски да помогне во решавање на македонската политичката криза, јавува државната агенција МИА. – Да, разочаран сум многу во однос на тоа како да се излезе од оваа состојба. Одговорот […]

Касами: Хан даде поддршка за опцијата за формирање влада

март 21, 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, даваат поддршка за излез од кризата и бараат да гледаме повеќе кон иднината на државата отколку за личниот интерес, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, по средбата со бриселската четворка. – Денеска имавме уште една […]

Доаѓаат Хан и бриселската тројка, никој не ја потврдува средбата со Иванов

март 21, 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, попладнево пристигнува во неколкучасовна посета на Македонија во обид да помогне да се најде решение за политичката криза во земјава. Хан и тројцата европратеници, како што вчера соопшти портпаролката Маја Коцијанчич, ќе се сретнат со политичките […]

Хан и тројцата европратеници во вторник доаѓаат во Македонија, потврди Коцијанчич

март 17, 2017

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, во вторник ќе допатува во Скопје, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, потврди денеска портпаролката на Евопската комисија, Маја Коцијанчич. – Како што можете да видите на агендата, комесарот Хан во вторник, на 21 март, ќе патува во Скопје, заедно со […]

Кој побара Иванов да ја повлече одлуката, а кој го поддржа?

март 8, 2017

Генералниот секретар на ОБСЕ, двајца еврокомесари, министри на земји членки на ЕУ, амбасадорот на САД во Македонија, министерката за надворешни работи на Канада и заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања досега побараа македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, да ја преиспита својата одлука да не го додели мандатот на СДСМ, кој обезбеди 67 […]

Кукан, Флекенштајн и Вајгл ќе препорачаат ЕП да го одложи донесувањето на извештајот

март 2, 2017

Ги повикуваме претседателот и сите политички партии да ја почитуваат демократската одлука на граѓаните на земјата и без понатамошно одложување да го прифатат секое договорено парламентарно мнозинство, се вели во заедничката изјава на тројцата европарламентарци Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл во врска со актуелните политички случувања во Македонија. – Како што неколкупати кажавме […]

Брисел порачува: Најдете заедничка основа за формирање стабилна, цврста и одговорна влада

јануари 25, 2017

Тројцата европратеници и известувачи за Македонија, Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, заедно со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, излегоа со заедничка изјава во која наведуваат дека изборите од 11 декември се важен чекор за надминување на политичката криза во Македонија. „Овој процес мора да продолжи за државата да се врати на […]

Европратениците порачаа да не се гледа СЈО како да зазема страна во изборите

ноември 25, 2016

Европарламентарците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан денеска во Скопје, по средбите со политичките партии, граѓанскиот сектор и со Специјалното јавно обвинителство, изразија задоволство од подготовките за спроведување на изборите закажани за 11 декември, како и од изборната атмосфера. – Средбите со партиите покажаа дека тие се подготвени за фер и транспаретни избори, кои […]

Бриселската тројка на средби со Катица Јанева и со партиите

ноември 25, 2016

Тројцата известувачи на Европарламентот за напредокот на Македонија, европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл, утринава пристигнаа во Скопје и ги почнаа средбите со македонските претставници, при што разговараа за подготовката за изборите и за текот на изборната кампања. Европратениците во моментов имаат средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а потоа е предвидено да […]

Вајгл, Кукан и Флекенштајн утре ќе ја скенираат ситуацијата во Македонија

ноември 24, 2016

Известувачите на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, утре ќе допатуваат во Скопје. Бриселската тројка за време на посетата ќе направи скенирање на ситуацијата во земјата пред претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември. Тројцата европратеници ќе направат и анализа на подготовките, како и на досегашната изборна кампања. […]

Страна 1 од 3