fbpx

Трајанов: Власта нишани во Јанева, а пука во судот

-

Медиумската хајка што деновиве се води против Специјалното јавно обвинителство, според Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, е насочена и кон судот кој треба да одлучи дали првообвинетиот за случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, ќе биде ослободен од притвор, објави „А1 он“. Тој очекува институциите да ја опструираат работата на специјалната обвинителка и да не соработуваат при обезбедување докази во постапките што ќе ги отвори.

– Независно од сите притисоци, закани и од медиумската кампања, сметам дека главниот напад е кон судот. Власта го предупредува судот да води сметка каква одлука ќе донесе по барањето на Специјалното јавно обвинителство. Повикување на протести и јавен линч, тоа е само во функција на заплашување на Јанева. Ова што се случува деновиве се граничи со класични уцени. Извесно е дека овие притисоци против Јанева ќе продолжат и ќе се опструира нејзината работа. Главната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ е одбрана преку медиумите. Медиумите се вклучени во највалканата кампања и се добро платени за тоа. Со таква кампања имаат огромен прилив на средства и не очекувам промена во тој дел – вели Трајанов.

Тој додава дека институциите се под целосна контрола на политичките партии, не функционираат и чекаат насоки како да постапат. Според него, Македонија е длабоко криминализирана држава, а излезот е преку ефикасна борба против корупцијата и криминалот.

– Мој апел до сите обвинители и до судот е да одлучуваат во согласност со фактите и со доказите, да одолеат на политичките влијанија. Независно како се избрани за обвинители и за судии, треба да ги почитуваат Уставот и законите – порачува Трајанов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...