fbpx

Пратениците го изгласаа Законот за јавнообвинителска служба на Јанева

-

Со 75 гласа „за“, пратениците во Собранието попладнево го донесоа Законот за измена и за дополнување на Законот за јавнобвинителска служба, што го бараше специјалната обвинителка Катица Јанева.

Измените беа разгледувани во итна постапка. За два часа ја поминаа расправата на пленарна седница, а потоа и второто читање во собраниските комисии.

Со овие измени во постојната регулатива во членот 4 се додава нова глава за јавнообвинителска служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Со новите одредби специјалната јавна обвинителка ќе има надлежност да одлучува за лицата што ќе бидат вработени и како ќе бидат распоредени. Според измените, за вработувањето во ова обвинителство не се користи методологијата според која се планираат вработувањата во институциите на јавниот сектор.

Јанева со акт за систематизација ќе ги утврдува описот на звањата и бројот на јавнообвинителски службеници. Обвинителката ќе одлучува за сите прашања што се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските сужбеници и на лицата вработени во ова јавно обвинителство кои вршат технички и помошни работи.

Измените и дополнувањата на Закононот ги достави Владата по скратена постапка на предлог на Министерството за правда, а по барање на специјалната јавна обвинителка.

Пратениците денеска го изгласаа и предлогот на Владата за зголемување на платите на судиите и на обвинителите за 35 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...