fbpx
Таг: Катица Јанева

таг: Катица Јанева

Груевски: Ја поддржуваме Јанева, но и таа треба да внимава да не дозволи влијание од одредени партии

Специјалното обвинителство се формираше со поддршка на четирите партии и на Владата и тие даваа и сè уште му даваат поддршка, одговори денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на загриженоста на претставничката на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, Кејт Брнс, која побара владејачката партија да не ја напаѓа работата на Катица Јанева. - Но и обвинителката треба да...

Аневски: Јанева прекршила закони и брутално ги избркала двете обвинителки

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ги прекршила Законот за јавни обвинители и Законот за работни односи и на брутален и непримерен начин ги отстранила двете обвинителки од нејзиниот тим, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Патер Аневски, по денешната седница на советот на која биле разгледувани изјавите на двете обвинителки, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, и на Јанева. -...

Со силно обезбедување, затвореник бил донесен на распит кај Катица Јанева

Лице што во моментов е на издржување затворска казна попладнево било на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврди за „Мета“, портпаролката на обвинителството, Ленче Ристовска. Доцна попладнево, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, пред зградата каде се сместени канцелариите на Катица Јанева, беа паркирани неколку полициски возила. - Не станува збор за ништо страшно. Денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беше донесено...

Специјалното обвинителство го презело предметот за убиството на Мартин Нешковски

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти дека ја презела надлежноста и за случајот со убиството на Матин Нешковски. Таа потврди и дека обвинители на нејзиниот тим утре во Основниот суд Скопје 1 ќе напрват увид и во другите материјали од случајот „Пуч“, кои не ги добиле од обвинителството што претходно постапуваше по нив. На новинарско прашање дали ќе го преземе и...

Јанева: Јас го кажав своето, на ред е Советот на јавни обвинители

Околу е еден и пол час траеше сослушувањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, пред тричлената комисија на Советот на јавни обвинители во врска со отстранувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, по кое многу прашања и понатаму остануваат неодговорени за јавноста, а се појавија и нови. Јанева по завршувањето на распитот изјави дека пред членовите на комисијата дала изјава за случајот...

Јанева дојде на распитот пред Советот на јавни обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска се појави пред Советот на јавни обвинители каде е закажана седница за нејзината досегашна работа. Засега никој не информира дали по состанокот ќе има изјави за јавноста. Јанева, според најавите, треба да даде свое појаснување во враска со разрешувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, а можно е да стане збор и...

Јанева денеска на сослушување во Советот на јавни обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска во 11 часот треба да се појави пред Советот на јавни обвинители и да даде одговор на прашањата за работата на нејзиниот тим што деновиве предизвикаа интерес во јавноста. Јанева, според најавите, треба да даде свое појаснување во враска со разрешувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, а можно е да стане...

СЈО: Од медиумите дознаваме за кривичната пријава против тројца наши обвинители

Досега никој од тимот на Катица Јанева не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство, велат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за „24 Вести“. Специјалното јавно обвинителство од медиумите дознало дека се поднесени кривични пријави против тројца обвинители од тимот на Јанева. Тие се сомневаат дека некој се обидува да му наштети на новото обвинителство бидејќи од внатрешниот распит на...

Кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева

Скопското јавно обвинителство потврди дека е поднесена кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против неколку непознати лица за малтретирање во вршење на службата, кривично дело казниво по член 143 од Кривичниот закон, објави телевизија „Телма“. Против едно лице, односно полицаец, поднесена е кривична пријава во Обвинителството за организиран криминал заради незаконско влијание врз сведоци. Кривичните пријави се процесуирани...

Специјалното јавно обвинителство и Јанева најавуваат тужби за клевета и за навреда

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во соопштение до јавноста изразува загриженост за начинот на известување на одредени медиуми, поврзано со нивната работа, како и со работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Покрај демантот до одредени медиуми, од Специјалното јавно обвинителство најавуваат покренување на граѓански постапки за клевета и за навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување кривично дело. - Ова...

Обвинителките не биле отстранети оти „играле за друг тим“, туку поради помал обем на работа

Дали двете обвинителки од тимот на Катица Јанева биле „разрешени“, „избркани“ или „самите заминале“, и понатаму останува нејасно, а уште поголема мистерија за јавноста се причините околу тоа, односно зошто повеќе не се во тимот на специјалната обвинителка. На прашање на „Мета“ дали двете обвинителки се отстранети од тимот бидејќи „работеле за друг тим“, од кабинетот на Јанева го повторуваат одговорот од...

Јанева од понеделник со засилено обезбедување од МВР

Од понеделник Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе ѝ го даде дополнителното обезбедување што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го побара неделава, велат за „Мета“ од кабинетот на Јанева. Јанева побара засилено обезбедување за неа и за обвинителите од нејзиниот тим, еден ден по обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое тој остро ја нападна. За понеделник, како што...

Рочиштето за „Ровер“ повторно одложено, се чека дали Јанева ќе го преземе предметот

И денешото рочиште од судскиот процес „Ровер“, во кое еден од обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, е одложено. Како што пренесува „Телма“, рочиштето е одложено бидејќи судот ја чекал одлуката на специјалната обвинителка, Катица Јанева, околу преземањето на предметот. Ако Јанева донесе одлука Специјалното обивнителство да го води овој случај, тогаш судскиот процес повторно ќе...

Лејла Кадриу: Само Катица Јанева знае зошто нè избрка

Само специјалната обвинителка Катица Јанева знае зошто ние сме вишок или кусок и зошто носи такви одлуки, еднострани, некоректни и несогласни со кодексот на однесување на јавните обвинители, вели во изјава за „Канал 5“, обвинителката Лејла Кадриу, која заедно со својата колешка, Марија Ѓорѓева, пред една недела биле отстранети од тимот на специјалната обвинителка. „Работев редовно, сите задачи, како и другите...

Собранието ќе расправа за буџетот на Јанева

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 90. седница на која на дневен ред е предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со која се обезбедуваат финансиски средства за реализација на финансискиот план на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за...

Јанева за намалувањето на тимот: За обемот на работа, доволни ни се 10 обвинители

За совладување на обемот на работа, на Специјалното јавно обвинителство во моментов му се потребни десет обвинители, велат од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева, на прашањето на „Мета“ за коментар за денешната изјава на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, дека Јанева разрешила и остранила од работа две обвинителки од својот тим. „Утврдено е дека за совладување на обемот...

Аневски: Јанева разреши две обвинителки од својот тим

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, разрешила две обвинителки од својот тим, соопшти денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по завршувањето на денешната седница. Како што рече Аневски, Јанева на своја иницијатива ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и им рекла да ги вратат предметите и токените, да ги исчистат бироата, да ги напуштат канцелариите и да се...

Јанева не дојде на седницата на Советот на јавни обвинители

Почна седницата на Советот на јавни обвинители, на која членовите треба да расправаат за работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева. На седницата не е присутна Јанева, а јавниот обвинител, Марко Зврлевски, по службена должност е меѓу членовите на Советот. Според најавите, на седницата треба да се разгледува и примопредавањето на прислушуваните материјали што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 30 декември ѝ ги...

Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за работата на Јанева

На денешната седница, Советот на јавни обвинители на Република Македонија треба да расправа за работата на Специјалното јавно обвинителство и за тоа како постапило во случајот со предавањето на материјалите од незаконското прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Седницата првично беше закажана за минатата недела, но поради болест на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски,...

Брисел загрижен и разочаран од нападите во говорот на Груевски

Европската унија е разочарана од изјавата на поранешниот премиер Никола Груевски, дознава „Мета“ од официјални извори во ЕУ. „Веќе ја изразивме нашата загриженост и разочараност од изјавата на поранешниот премиер во врска со почитувањето на политичкиот договор – изјави за „Мета“ висок претставник на ЕУ, кој побара да остане анонимен, на прашањето како ги коментира нападите на Груевски врз олеснувачот...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...