Рочиштето за „Ровер“ повторно одложено, се чека дали Јанева ќе го преземе предметот

-

И денешото рочиште од судскиот процес „Ровер“, во кое еден од обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, е одложено. Како што пренесува „Телма“, рочиштето е одложено бидејќи судот ја чекал одлуката на специјалната обвинителка, Катица Јанева, околу преземањето на предметот.

Ако Јанева донесе одлука Специјалното обивнителство да го води овој случај, тогаш судскиот процес повторно ќе почне од почеток.

Бошкоски на последното рочиште, на 5 декември минатата година, презентираше транскрипти и други материјали за кои тврди дека содржат разговори што докажуваат дека неговото апсење за случајот „Ровер“ било наместено.

Тој рече дека преку неговиот адвокат, материјалите ќе ги достави до специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...