fbpx

Специјалното јавно обвинителство и Јанева најавуваат тужби за клевета и за навреда

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во соопштение до јавноста изразува загриженост за начинот на известување на одредени медиуми, поврзано со нивната работа, како и со работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Покрај демантот до одредени медиуми, од Специјалното јавно обвинителство најавуваат покренување на граѓански постапки за клевета и за навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување кривично дело.

– Ова јавно обвинителство, иако беше изложено на неосновани напади и во претходниот период, покажа висок степен на толеранција спрема лицата што изнесуваа невистини, навреди, клевети и се служеа со говор на омраза насочен кон обвинителството. Со оглед дека бројните апели од наша страна не дадоа резултат, а за да се заштити интегритетот и безбедноста на јавните обвинители и на нивните семејства, ја известуваме јавноста дека во периодот што следува против одредени лица ќе бидат покренати соодветни граѓански постапки за клевета и за навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување кривично дело – се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство.

Тие апелираат до сите медиуми и до поединци да се воздржат од изнесување невистини за работењето на Специјалното јавно обвинителство и да се воздржат од негово етикетирање и ставање во функција на дневно-политички цели.

– Истакнуваме дека како професионална институција, нашиот единствен фокус е борбата против криминалот, а нашата мисија е спроведување на правдата и обезбедување еднаков третман на сите пред законот – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...