fbpx

Аневски: Јанева прекршила закони и брутално ги избркала двете обвинителки

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ги прекршила Законот за јавни обвинители и Законот за работни односи и на брутален и непримерен начин ги отстранила двете обвинителки од нејзиниот тим, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Патер Аневски, по денешната седница на советот на која биле разгледувани изјавите на двете обвинителки, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, и на Јанева.

– На денешната 106. седница на Советот на јавни обвинители, меѓу другото, ги разгледувавме изјавите на обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и на специјалната обвинителка Катица Јанева, по што донесовме заклучок дека Јанева во конкретниот случај ги прекршила двата закони. Таа на непримерен начин и брутално, не ги остранила, туку ги исфрлила од работа двете обвинителки, без да спроведе постапка и да донесе решение. Писменото известување што Јанева го достави до Советот во кое тврди дека двете обвинителки сами побарале да си заминат е невистиното и се коси со изјавите на обвинителките дека биле отстранети без никакво образложение. Дури при исфрлувањето на обвинителките од канцелариите било повикано и лице од судската полиција во Специјалното јавно обвинителство за побрзо да се заврши работата – рече Аневски.

На седницата била разгледувана и претставката од судскиот совет што ја поднел судија од Управниот суд против обвинител од тимот на Јанева. Судијата навел дека обвинителот во кафеана го притискал да објасни зошто била донесена некаква одлука пред неколку години во врска со случај кој бил работен во Управниот суд.

– Сметаме дека ваквото однесување е непримерно, но ние решивме претставката да ја испратиме до Катица Јанева и таа да одлучи дали ќе покрене дисциплински мерки или, пак, ќе го извести етичкиот совет на јавни обвинители – рече Аневски.

На наредна седница, на барење на повеќе членови на Советот ќе бидат разгледувани причините за намалувањето на обемот на работа на Специјалното обвинителство и ќе се одлчува за судбината на двете избркани обвинителки.

– Ќе видиме колкв е обемот на работа и зошто се намалил, по што ќе донесеме одлука за намалувањее на бројот на обвинители од 12 на 10, како што бара Катица Јанева. Ќе одлучуваме и за судбината на двете обивнителки, кои сега се останати без работа, но, ќе ви кажам и тоа дека тие сè уште се водат како вработени во Специјалното јавно обвинителство – рече претседателот на Советот на јавни обвинители.

На новинарско прашање дали Советот на јавни обвинители ќе изрече некакви конкретни санкции околу постапките на Јанева, Аневски изјави дека тие тоа нема да го сторат и дека ќе го остават Специјалното јавно обвинителство да работи и во случај да има одредени отстапувања во начиот на работењето.

Аневски додаде дека во ваков случај постапка против Јанева би можел да покрене Републичкиот јавен обвинител или Вишото јавно обвинителство, бидејќи во однос на сето она што не е опфатно со Законот за специјално јавно обвинителство, се постапува по Законот за јавно обвинителство.

Одговорајќи на прашање дали Советот ја утврдил вистинската причина за отстранувањето на двете обвинителки, Аневски рече дека тој не можел да го утврди тоа, повторувајќи дека самиот начин на кој биле исфрлени обвинителките, со полицаец, без да биде известен советот и без тие да бидат благовремено известени, е во најмала рака неетички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...