fbpx

Брисел загрижен и разочаран од нападите во говорот на Груевски

-

Европската унија е разочарана од изјавата на поранешниот премиер Никола Груевски, дознава „Мета“ од официјални извори во ЕУ.

„Веќе ја изразивме нашата загриженост и разочараност од изјавата на поранешниот премиер во врска со почитувањето на политичкиот договор – изјави за „Мета“ висок претставник на ЕУ, кој побара да остане анонимен, на прашањето како ги коментира нападите на Груевски врз олеснувачот Питер Ванхауте и обвинителката Катица Јанева.

Европскиот претставник потсети дека Брисел веќе реагирал преку својата Делегацијата во Скопје, која, пак, на својот твитер-профил напиша дека потписниците на Договорот од Пржино мора да ја почитуваат работата на специјалната обвинителка Катица Јанева и на белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Белгискиот експерт Ванхауте, пред почетокот на средбата на работните групи, во врска со изјавата на Груевски, рече: „Ако не ви се допаѓа пораката, убијте го гласникот“.

Груевски во говорот на конференцијата на унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ќе помине долго време „пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла, со типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН: Учениците да имаат скратени часови поради високите температури

Основните училишта да работат со скратени наставни часови до крајот на учебната година поради високите температури кои ја зафатија државата, препорачува Министерството за образование и наука (МОН). Од министерството препорачуваат:...