fbpx

ЕУ му твитна на Груевски: Кој потпишал, мора да ги поддржи и Јанева и Ванхауте

-

Мисијата на Европската унија во Скопје денеска преку својот официјален твитер-прифил ги повика политичките партии да ги почитуваат Договорот од Пржино и работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Сите потписници на Договорот од Пржино треба да ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство и на четиристраните работни групи“, напишаа од Делегацијата на ЕУ на „Твитер“.

Објавата на „Твитер“ доаѓа по вчерашниот говор на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кој рече дека ќе помине долго време „пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...