fbpx

Протест на кочанчани поради укината социјална помош

-

Поголема група приматели на социјална помош од Кочани денеска излегоа на протест пред Центарот за социјални работи, откако им беше укината социјалната помош. На досега редовните примања од државата, им пресудиле исплатените 300 денари приход од собраните и предадени пластични шишиња, се пожалија насобраните. Еден од нив го покажа документот со кој му се исплатени 350 денари за предадени шишиња.

– Останав без социјална помош поради овие 350 денари што ми ги исплатија за собраните шишиња од депонијата, што ги собирав за едно парче леб за семејствотото. Укинато ми е социјалното – рече еден од присутните на протестот.

Бесјин Шакиров, претставник на Ромите, изјави дека многу е поголем бројот на семејствата на кои им е укината социјалната помош од тие што се собраа денеска.

– Имаме сознание дека на 200 ромски семејства им е укината социјалната помош поради продадени шишиња. Новата директорка на Центарот за социјални работи нè информираше дека поради 360 денари е укината социјалната парична помош на една година – рече Шакиров.

Насобраните им дадоа два дена на институциите да ги вратат овие семејства во системот на корисници на социјална помош.

– До среда имаат рок да ги решат проблемите. Од среда сите ние ќе дојдеме и нема да си заминеме од пред Центарот, сè додека не се реши состојбата на овие семејства – изјави Шакиров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...