fbpx
Таг: Катица Јанева

таг: Катица Јанева

Јанева: Законот за плати на обвинителите ни ја крши автономноста

Одредбата во предложениот закон за плати на јавните обвинители, која го овластува јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од министерот за финансии, да одлучува за додатоците на јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство, се кршат воспоставените принципи на автономност и на финансиска незвисност на ова oбвинителство, стои во денешното писмено обраќање до јавноста на специјалната обвинителка Катица...

Заев се појави на рочиштето за случајот „Пуч“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави на рочиштето за случајот „Пуч“, откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што тој, како еден од обвинетите во случајот, не се појавуваше. На денешното рочиште се очекува да се појави обвинител од специјалното обвинителство, бидејќи тимот на Катица Јанева одлучи дека овој предмет е во нејзина недлежност. На последното, одложено, рочиште, судијката...

Денеска прво рочиште за „Пуч“ откако Јанева го презеде предметот

Денеска во 10.30 часот, во Основниот суд Скопје 1, треба да почне судењето за случајот „Пуч“, откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е еден од обвинетите во случајот, не се појавуваше. На денешното рочиште се очекува да се појави обвинител од специјалното обвинителство, бидејќи тимот на Катица Јанева одлучи дека овој...

Бачев: Имаме квалитетни докази дека пописот од 2002 година е фалсификуван

Претседателот на политичката партија Народно движење за Македонија, Јанко Бачев, денеска напладне до Специјалното обвинителство го достави предлогот со кој бара тоа да преземе предмет, по кривична пријава на партијата, за наводно фалсификување на пописот од 2002 година. - Станува збор за кривична пријава поднесена од Народно движење на Македонија на 24 септември 2009 година за фалсификување на пописот во...

И Бачев со барање до Јанева: Да се истражи фалсификувањето на пописот во 2002 година

Политичката партија Народно движење за Македонија денеска ќе поднесе предлог до Специјалното обвинителство за преземање на предметот за фалсификување на пописот во 2002 година, соопштуваат од партијата. Кривичниот предмет, како што информираат од НДМ, бил заведен во Јавното обвинителство на Република Македонија по кривична пријава што партијата, чиј лидер е Јанко Бачев, ја поднела на 24 септември 2009 година. Предлогот на...

СДСМ не ѝ ги дава прислушуваните материјали на Јанева сè додека не се обезбедат услови за чување

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) нема да ѝ ги предаде на специјалната обвинителка Катица Јанева матeријалите од незаконското следење на комуникациите сè додека не се обезбедат соодветни услови за нивно чување и максимална заштита, соопшти вечерва на прес-конференција портпаролот на партијата, Петре Шилегов. - Материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување...

Освен случајот Пуч, на Јанева чекаат Ровер, Диво Насеље, Шпион, Монструм и Телеком

Барањата што изминативе три месеци во најава ѝ беа упатувани на специјалната обвинителка, Катица Јанева, а се однесуваа на тоа таа да ги преземе сите случаи за кои постојат контроверзии во јавноста, сега и во официјална форма почнаа да пристигнуваат на нејзиното биро. Адвокатите на одбраната во случаите „Ровер“, „Диво Насеље“ и „Шпион“ бараат и за овие предмети да биде надлежно специјалното...

ЛДП: Јанева итно да го разгледа и да го преземе случајот „Монструм“

Либерално-демократската партија апелира до Специјалното јавно обвинителство итно да го разгледа случајот „Монструм“ и да го преземе во своја надлежност, се вели во соопштението на партијата. Оттаму наведуваат дека станува збор за крајно специфичен и чувствителен предмет, кој е трагичен по својот исход и за жртвите и за осудените. „Поради целосно нарушената легитимност на судскиот систем, на кој сведочиме сите како граѓани,...

Почна да тече рокот за првите обвиненија од Јанева

Според планот за работа, кој специјалната обвинителка Катица Јанева го достави до надлежените институции, од денеска (15 декември) почнува да тече рокот во кој треба да паднат првите обвиненија за случаите кои произлегуваат од содржината на незаконското прислушување. Кабинетот на Јанева вчера соопшти дека по анализата на материјалите што специјалното обивнителство ги презеде од јавните обвинтелства кои досега постапуваа по нив, таа...

Јанева поднесе иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба

Специјалното јавно обвинителство попладнево соопшти дека до Владата и до сите пратеници од Собранието поднело иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба. „Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ја известува јавноста дека со оглед на фактот што до денеска не добивме одговор од надлежните инстутуции во врска со законот за...

Јанева се изјасни: Нејзиниот тим ќе истражува 34 предмети

Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим ќе работат на вкупно 34 предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување, соопштија попладнево од кабинетот на Јанева. Меѓу предметите за кои специјалното обвинителство оценило дека се во негова надлежност е и случајот „Пуч“, кој е во судска процедура и во кој еден од обвинтите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Од предметите...

Јанева денеска треба да соопшти што сè ќе истражува

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да каже кои предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување ќе ги истражува. Денеска е последниот ден од рокот од осум дена во кои Катица Јанева и нејзиниот тим треба да одлучат за кои предмети се надлежни, а за кои не се. Претходно, Јанева и нејзините 12 помошници-обвинители заклучија дека под нивна надлежност се...

Александар Нешкоски бара од Катица Јанева да го расчисти случајот со убиството на Мартин

Братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар Нешкоски, испрати писмо до специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, во кое бара „да се отвори постапка за целосно расчистување на прикривањето на убиството на неговиот брат и за утврдување можна инволвираност на други лица во прикривањето на фактите во истрагата и во судската постапка, освен оние кои се наведени во пријавата.“ - На 5 јуни 2015...

Судењето за случајот „Пуч“ презакажано за 21 декември

Судските рочишта во Основниот суд Скопје 1 што на 2 декември беа одложени поради Денот на дрвото, ќе се одржат в сабота, на 12 декември, освен рочиштето за случајот „Пуч“, кое е презакажано за 21 декември, соопштија попладнево од судот. Меѓу судењата што беа откажани поради денот на дрвото беше и рочиштето за случајот „Пуч“. Сепак, како што информираат од судот за „Мета“,...

Пломп: Отчукува часовникот до изборите

Во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“, холандскиот амбасадор во земјава, Вилем Ваутер Пломп, вели дека часовникот отчукува до изборите во април следната година и дека е екстремно важно да се постигне договор за медиумите. Амбасадорот Пломп порачува дека во врска со специјалната обвинителка, сите институции што се инволвирани треба да работат заедно и да ѝ овозможат да си ја...

Обвинителството ѝ ги предаде сите предмети од прислушувањето на Катица Јанева

Со две возила, Јавното обвинителство денеска попладне, околу 15 часот, во Министерството за правда ги донесе материјалите за предметите што ги побара специјалната обвинителка, Катица Јанева. Документите, доказните материјали, кои беа спакувани во дваесетина кутии, Јавното обвинителство ги предаде на последниот ден од истекот на законски предвидениот рок. Предметите се против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков,...

Јанева попладнево ќе каже дали се соочува со нови сопки во работата?

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, за денеска доцна попладне, во 17.30 часот, закажа прес-конференција. Освен времето на одржување на конференцијата, засега нема официјални информации за поводот и за темата. Сепак, според последните актуелности поврзани со обвинителството, извесно е дека причина е Законот за јавнообвинителска служба, кој специјалното обвинителство инсистира да биде донесен од Влдата и од Собранието во најкус можен рок. Покрај...

Специјалното обвинителство бара итно да се донесе законот за јавнообвинителска служба

Загриженост за одолжувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба денеска изрази Специјалното јавно обвинителство. Според соопштението, без законот, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се еднакво неопходни како и јавните обвинители. Од обвинителството апелираат до надлежните...

Денот на дрвото го одложи рочиштето за случајот „Пуч“

Поради акцијата „Ден на дрвото“, сите судења во Основниот суд Скопје 1, закажани за 2 декември, меѓу нив и рочишето за случајот „Пуч“, се одложени и пезакажани за друг ден, соопштија попладнево од судот. „Заради одржување на акцијата „Ден на дрвото“, на 2 декември 2015 година, кој ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, ја информираме јавноста...

Јанева прво се фати за изборните манипулации и за корупцијата

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти кои предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување први ги побарала од обвинителствата што досега постапуваа по нив. Извештајот на специјалното обвинителство за медиумите за побараните предмети, иако е напишан со стручна терминологија и со осомничени, на кои им се наведени само иницијали, сепак, според кривичните дела за кои се товарат, јасно наведува...