fbpx

Заев се појави на рочиштето за случајот „Пуч“

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави на рочиштето за случајот „Пуч“, откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што тој, како еден од обвинетите во случајот, не се појавуваше.

На денешното рочиште се очекува да се појави обвинител од специјалното обвинителство, бидејќи тимот на Катица Јанева одлучи дека овој предмет е во нејзина недлежност.

На последното, одложено, рочиште, судијката Љубинка Башеска се закани дека ќе издаде наредба за стражарно приведување на Заев, доколку тој денеска не се појави во судница.
Од СДСМ тогаш соопштија дека Заев ќе дојде на судење кога случајот ќе го преземе специјалната обвинителка.

Според обвинението за „Пуч“, Зоран Верушевски е првообвинет за неовластено прислушување и за тонско снимање, за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи. Второобвинет е Ѓорги Лазаревски, кој ќе одгoвара за неовластено прислушување и за шпионажа. Третообвинета е Соња Верушевска за кривичното дело шпионажа. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е четвртообвинет за делото насилство кон претставници на највисоките државни органи. Петообвинетиот е Бранко Палифров, кој ќе одговара за истото дело како и Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...