Пломп: Отчукува часовникот до изборите

-

Во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“, холандскиот амбасадор во земјава, Вилем Ваутер Пломп, вели дека часовникот отчукува до изборите во април следната година и дека е екстремно важно да се постигне договор за медиумите.

Амбасадорот Пломп порачува дека во врска со специјалната обвинителка, сите институции што се инволвирани треба да работат заедно и да ѝ овозможат да си ја врши својата работа.

– Назначен е специјален јавен обвинител и сега е екстремно важно таа да може да си ја врши својата работа и сите институции што се инволвирани да работат заедно и да ѝ овозможат да си ја врши својата работа. Во исто време, неколку прашања сè уште треба да бидат решени, а едно од најважните е поврзано со изборите следната година. Ќе има еден вид преодна влада, некои чекори се веќе преземени, некои сè уште треба да се преземат и екстремно важен дел е поврзан со медиумите, бидејќи слободни и независни медиуми, објективни медиуми, се многу значајни. И конечно, гарантираното право на глас е екстремно важен елемент. Кога дознав, при доаѓањето тука, дека според една анкета, 32 проценти од населението не мисли дека гласањето е целосно тајно во Македонија и дека овој процент се зголемил од претходните минатогодишни анкети, на кои бил 22 проценти, би рекол дека тоа е загрижувачки, затоа што, колку што јас знам, гласањето навистина е тајно во Македонија и многу е важно сите луѓе да можат да гласаат и да го искажат својот избор следната година – вели Пломп.

Според него, договорот околу медиумите треба да овозможи тие да ја одиграат својата улога во обезбедувањето факти и информации за граѓаните.

– Часовникот отчукува, ако може така да кажам, до 24 април следната година. Така што е особено важно е да се постигне договор за медиумите кој ќе се однесува и на изборите догодина и на долгорочни решенија што ќе гарантираат дека навистина медиумите ќе може да ја одиграат својата улога како што треба, во која било демократија. Повеќето демократии, ако не и сите, имаат одредени правила што гарантираат дека медиумите ќе може да ја одиграат суштинската улога во обезбедувањето факти и информации за граѓаните. На пример, многу е важно да има јасна дистинкција меѓу политичкото рекламирање и објективните новинарски извештаи од сите медиуми, без разлика дали се приватни или јавни медиуми – смета Пломп.

За холандскиот амбасадор, прислушувањата содржат многу сериозни обвиненија, кои треба да бидат утврдени и затоа е потребна истрага која е многу важна за да се утврдат и политичката и законската одговорност.

Тој истакна дека Холандија во изминативе десет години дала помош за Македонија во вредност од 200 милиони евра за повеќе програми и проекти, секогаш на барање на македонските граѓани.

– Ние сè уште продолжуваме да даваме помош за Македонија, на пример, за прашањата за човековите права, за медиумите, за демократската одговорност и ќе продолжиме со тоа. Ако ме прашувате дали сум задоволен со резултатите, во која било земја, техничката помош може да одигра одредена улога и тоа секогаш е процес на обиди и на грешки и мислам дека можеби најважен аспект е што луѓето продолжуваат да учат. Тоа се однесува на луѓето што даваат помош, но, исто така, се применува и врз институциите и врз луѓето кои работат со други институции. Да се стимулира ставот за учење, критичкиот став, па дури и партиципативен став, можеби е еден од најважните резултати кои може да се надеваме да ги постигнеме – истакна Пломп.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...