fbpx

ЛДП: Јанева итно да го разгледа и да го преземе случајот „Монструм“

-

Либерално-демократската партија апелира до Специјалното јавно обвинителство итно да го разгледа случајот „Монструм“ и да го преземе во своја надлежност, се вели во соопштението на партијата.

Оттаму наведуваат дека станува збор за крајно специфичен и чувствителен предмет, кој е трагичен по својот исход и за жртвите и за осудените.

„Поради целосно нарушената легитимност на судскиот систем, на кој сведочиме сите како граѓани, а и е нотирано во извештајот на Прибе, вчерашната потврда од Апелацискиот суд во Скопје на пресудата за доживотен затвор на осудените во случајот, јавноста и засегнатите и понатаму се крајно сканадализирани и без никаква верба во исходот на пресудата. Со должно внимание кон сите лично засегнати во самиот процес, сметаме дека јавноста мора да ја дознае вистината за еден од најтрагичните настани во поновата историја, која предизвика многу контраверзии и недоумици, токму поради целосно узурпираниот општествен систем во кој живееме и разградениот и нелигитимен судски систем. На тој начин, а и со сериозните индиции за текот на самиот настан и водењето на судскиот процес, постојат сериозни сомневања за исправноста на целата постапка и во таа насока сметаме дека и семејствата на жртвите, а и семејствата на осудените имаат право да ја знаат вистината“, стои во соопштението на ЛДП.

Од партијата сметаат дека „вистинската истрага за судскиот случај „Монструм“ од Специјалното јавно обвинителство ќе биде показател дека суштински се спроведува Договорот од Пржино“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...