Александар Нешкоски бара од Катица Јанева да го расчисти случајот со убиството на Мартин

-

Братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар Нешкоски, испрати писмо до специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, во кое бара „да се отвори постапка за целосно расчистување на прикривањето на убиството на неговиот брат и за утврдување можна инволвираност на други лица во прикривањето на фактите во истрагата и во судската постапка, освен оние кои се наведени во пријавата.“

– На 5 јуни 2015 година, кога навршија четири години од бруталното убиство на мојот брат на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, јас и мојата мајка поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Дејан Митровски-Урко, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и Никола Груевски за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување и непријавување кривично дело или сторител за нивната инволвираност при прикривањето на истрагата за убиството на Мартин Нешкоски. Пријавата ја поднесовме врз основа на разговорите кои беа објавени во „бомбата“ број 29 на 5 мај и која укажува на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поради нивните активности и влијание врз истрагата и судската постапка, судот не можеше да утврди одговорност кај Министерството за внатрешни работи и полициските службеници кои службено го ангажирале убиецот Игор Спасов да го обезбедува партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Така, оваа криминална власт го спречи моето семејство целосно да го расчисти убиството на брат ми и да ја добие правдата што му следува, за брат ми да може конечно да почива во мир – вели Нешкоски во писмото.

Тој додадава дека „тоа што се случуваше во периодот на убиството на Мартин беше вистински кошмар на притисоци кои сè уште не завршуваат.“

– Јас сум подготвен да сведочам за тоа и да понудам други сведоци кои можат да ги потврдат моите наводи. Пријавените лица ги злоупотребија сите механизми и сета моќ, кои им беа на располагање на Министерството за внатрешни работи, и успеаја да креираат една лага во која никој повеќе не верува. Во прикривањето на фактите учествуваа многу поголем број луѓе преку фингирање на истрагата, лажно сведочење, различни притисоци и обиди за поткуп, а јас сум сигурен дека правилно спроведената истрага може да ја потврди нивната инволвираност – завршува писмото на Нешкоски.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...