Јанева: Законот за плати на обвинителите ни ја крши автономноста

-

Одредбата во предложениот закон за плати на јавните обвинители, која го овластува јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од министерот за финансии, да одлучува за додатоците на јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство, се кршат воспоставените принципи на автономност и на финансиска незвисност на ова oбвинителство, стои во денешното писмено обраќање до јавноста на специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Законот за јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите јасно ги предвидува додатоците за јавните обвинители во ова јавно обвинителство, а нивната реализација никако не може да биде поврзана со согласност од министерот за финансии, од причина што Министерството за финансии е должно финансискиот план за работа на ова јавно обвинителство да го вгради во буџетот и не може никако да го менува. Воедно, принципот на автономност подразбира мое автономно постапување како специјален јавен обвинител и исклучено е секакво влијание во работата од страна на јавниот обвинител на Република Македонија. Оттука очекувам во предложениот закон за плати на јавните обвинители да биде изоставено ова јавно обвинителство“, стои во дописот на Јанева.

Специјалната обвинителка, исто така, ги повикува и бара од сите политички партии да го поддржат законот за јавнообвинителска служба на специјалното обвинителство, со што би ги искажале „своите искрени намери за непречено и функционално работење на ова јавно обвинителство“.

„Автономното, независно и професионално функционирање на специјалното обвинителство може да се обезбеди само со доследно почитување на веќе воспоставените принципи за негова работа и со исполнување на законските обврски и со носење на законот за јавнообвинителска служба на ова јавно обвинителство“, се вели во дописот.

Јанева информира и дека во текот на оваа недела ќе бидат соопштени нови информации за работата на специјалното обвинителство, кои изминатиов период предизвикуваат интерес во јавноста.

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Денес се навршуваат пет години од официјалното зачленување на Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО), со што државата на 27 март 2020 година стана 30-та полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз во...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално...