Бачев: Имаме квалитетни докази дека пописот од 2002 година е фалсификуван

-

Претседателот на политичката партија Народно движење за Македонија, Јанко Бачев, денеска напладне до Специјалното обвинителство го достави предлогот со кој бара тоа да преземе предмет, по кривична пријава на партијата, за наводно фалсификување на пописот од 2002 година.

– Станува збор за кривична пријава поднесена од Народно движење на Македонија на 24 септември 2009 година за фалсификување на пописот во 2002 година. За жал, оваа кривична пријава до ден денеска остана закочена во фиоките на Јавното обвинителство на Република Македонија. Со новиот Закон за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комунакциите, се отвара можност овој предмет да биде преземен од специјалната обвинителка – изјави Бачев.

Тој тврди дека станува збор за кривична пријава со квалитетни докази и со факти од кои „јасно се гледа како е изведена таа фалсификувана статистичка операција во 2002 година и тоа во сите фази на пописот“.

– Со тој спорен попис од 2002 година беше осуетена намерата за европски и граѓански концепт на Македонија, а се воспостави еден систем на колективни права врз основа на процент од кој, верувам дека не се задоволни самите Албанци. Ние сме длабоко убедени дека нашиот предлог за преземање на предметот ќе наиде на разбирање кај специјалната обвинителка бидејќи станува збор за предмет од највисок национален интерес за земјата – рече Бачев, додавајќи дека нивните очекувања за преземање на предметот се дотолку поголеми поради тоа што „деновиве водачите на албанските партии во Македонија агресивно настапуваат со нови барања и се преземаат некои чекори во насока на федерализација на земјата“.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...