fbpx

Јанева денеска треба да соопшти што сè ќе истражува

-

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да каже кои предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување ќе ги истражува. Денеска е последниот ден од рокот од осум дена во кои Катица Јанева и нејзиниот тим треба да одлучат за кои предмети се надлежни, а за кои не се.

Претходно, Јанева и нејзините 12 помошници-обвинители заклучија дека под нивна надлежност се изборните манипулации што произлегоа од незаконското прислушување, за што веќе оформија вкупно 14 предмети и почнаа предистражна постапка.

Иако специјалното обвинителство имаше планирана динамика на секои 15 дена да бара одреден брoј предмети од јавните обивнителства кои досегаа постапуваа со нив, сепак пред десетина дена Јавното обвинителство на Јанева ѝ ги предаде сите предмети од прислушуваните разговори.

Меѓу предметите за кои Јанева денеска треба да каже дали се во нејзина надлежност или не, е и случајот „Пуч“, кој е веќе во судска процедура и во кој еден од обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева за „Мета“ соопштија дека прес-конференција денеска нема да има, а информациите околу предметите ќе бидат доставени до јавноста преку соопштение, најдоцна до 14 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...