fbpx

И Бачев со барање до Јанева: Да се истражи фалсификувањето на пописот во 2002 година

-

Политичката партија Народно движење за Македонија денеска ќе поднесе предлог до Специјалното обвинителство за преземање на предметот за фалсификување на пописот во 2002 година, соопштуваат од партијата.

Кривичниот предмет, како што информираат од НДМ, бил заведен во Јавното обвинителство на Република Македонија по кривична пријава што партијата, чиј лидер е Јанко Бачев, ја поднела на 24 септември 2009 година.

Предлогот на Бачев е последен во низата барања што по формирањето на специјалното обвинителство, пристигаат во кабинетот на Катица Јанева.

Барањата што изминативе три месеци во најава ѝ беа упатувани на специјалната обвинителка, Катица Јанева, а се однесуваа на тоа таа да ги преземе сите случаи за кои постојат контроверзии во јавноста, сега и во официјална форма почнаа да пристигнуваат на нејзиното биро.

Адвокатите на одбраната во случаите „Ровер“, „Диво Насеље“ и „Шпион“ веќе побараа за овие предмети да биде надлежно специјалното обвинителство.

Барања до специјалната обвинителка има и за преземање на случајот „Монструм“, а имаше предлози Јанева да ги истражува и случаите „Маѓар Телеком“, „Сопот“ и случајот со смртта на Мартин Нешковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...