fbpx

Јанева попладнево ќе каже дали се соочува со нови сопки во работата?

-

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, за денеска доцна попладне, во 17.30 часот, закажа прес-конференција. Освен времето на одржување на конференцијата, засега нема официјални информации за поводот и за темата.

Сепак, според последните актуелности поврзани со обвинителството, извесно е дека причина е Законот за јавнообвинителска служба, кој специјалното обвинителство инсистира да биде донесен од Влдата и од Собранието во најкус можен рок.

Покрај законот, денеска е последниот рок до кога Јавното обвинителство треба да ѝ ги достави на Јанева петте предмети што специјалната обвинителка ги побара во четвртокот минатата недела.

Засега нема никакви информации за тоа до каде е процедурата по овие две работи, ниту за законот за јавнообвинителска служба ниту со предметите.

Специјалното обвинителство, во понеделникот, преку соопштение изрази загриженост за одолжувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба. Според соопштението, без законот, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато бидејќи стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се еднакво неопходни, како и јавните обвинители.

Од обвинителството апелираа до надлежните институции ургентно да го донесат законот, кој, како што информираа од кабинетот на Јанева, бил изработен во соработка со Министерството за правда и бил доставен до Владата.

Министерот за правда, Аднан Јашари, пак, вчера изјави дека министерството со кое раководи тој не е предлагач на законот, туку дека тоа е Владата. Од Илинденска број 2 сè уште нема информација дали го добиле предлог-законот и кога тој ќе се најде на владина седница.

„Законот за специјално јавно обвинителство беше предложен од пратеници, а не од Министерството за правда, во согласност со договорот на четирите политички партии во Пржино. Ние не учествувавме тогаш во подготовката на тој закон ниту, пак, во изработката на законот за вработените во јавнообвинителската служба, туку тоа е работа на Владата“, изјави вчера министерот Јашари.

Од Специјалното обвинителство како одговор на прашање на „Утрински“ вчера соопштиле дека сè уште немаат информација до каде е постапката за носење на овој закон.

„До денеска немаме добиено информација, но очекуваме да биде одговорено и тогаш би знаеле дали има некој проблем“, било наведено во дописот од Специјалното обивнителство до „Утрински“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...