fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ѝ спрема народ и протести на Јанева?

-

Согласноста на специјалната обвинителка, Катица Јанева, со предлогот на одбраната на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во „Пуч“, тие да излезат од притвор, предизвика жестока реакција од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и најави дека на Јанева „може да ѝ се случи народ“, односно ГДОМ.

Аналитичарот Александар Пандов, кој беше дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кое додека СДСМ ги објавуваше „бомбите“, држеше трибини низ градовите во земјава, вчера во изјава за дневникот на „Сител“, рече дека „прашање на време е кога ќе ѝ се собере народот“ на Јанева.

– Претпоставувам нејзе не ѝ е јасно дека на народот во Македонија му е дојдено преку глава и од „бомби“ и од Верушевци и од црпнати луѓе од Муртино и дека кај и да е, прашање на време е кога ќе ѝ се собере народот пред нејзиното специјално обвинителство, па нему да му даде одговори зошто постапува и зошто не ги бара тие 600.000 разговори од една страна и како таа си дава право прва работа што ја прави – да го ослободува Верушевски – рече Пандов.

Два дена пред оваа изјава, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ веќе не верува во независноста на Јанева и дека ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна резерва кон секој чекор што ќе го преземе Јанева во иднина.

– Се потврдија сите информации во јавноста за тесна врска и координираност помеѓу Јанева и Заев, како и дека Јанева ќе дејствува строго по партиска наредба на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја наредна постапка на Јанева ќе биде, како и досега, директно мотивирана од политичката агенда на СДСМ и на Заев и дека наместо да дејствува непристрасно и објективно во функција на законот, таа ќе ги исполнува партиските наредби на СДСМ – рече Милошоски, во петокот минатата недела.

Оттаму, ако владејачката партија и нејзините симпатизери вака реагираат на случај за кој, според законот, одлучува судот, а не Специјалното обвинителство, како ли ќе реагира ВМРО-ДПМНЕ кога Јанева би почнала со покренување обвиненија против нивни функциониери?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...