fbpx

Џафари: ИД загуби голем дел од територијата во Ирак

-

Екстремистичката група Исламска држава загуби голем дел од територијата што претходно ја контролираше во Ирак, соопшти ирачкиот министер за надворешни работи, Ибрахим ал Џафари, во Техеран.

– Терористите зазедоа околу 55 проценти, но во овој момент контролираат само 19 отсто од нашата територија и сведоци сме на нивното повлекување – изјави Џафари, додавајќи дека во Ирак моментно војуваат терористи од сто земји.

Ирачките вооружени сили во вторникот почнаа операција за враќање на контролата над градот Рамади, а според последните информации, вчера успеале целосно да го заземат градот и да ги протераат борците на ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...