fbpx

Судот ги бара од Јанева пасошите на Верушевски и на Лазаревски

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави пасошите на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски за да може да одлучи по предлозите и мислењето во врска укинувањето или замена на мерката притвор на двајцата обвинети во случајот „Пуч“, соопшти денеска Осовниот суд Скопје 1.

„Постапувајќи по предлозите на обвинетите, во кои не е наведено ниту предложено одземање патна исправа, како и по даденото мислење на специјалната обвинителка, во кое се наведуваат точни податоци за патни исправи со датуми на важност, а за кои се наведува да бидат одземени, со оглед на тоа што обвинителката не го известила Кривичниот совет како ги добила овие податоци, ниту, пак, ги доставила патните исправи за кои предглага да се одземат, Кривичниот совет се обрати до неа за да ги достави наведените патни исправи како би можел да одлучи по однос на предлозите и доставеното мислење“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Како што информираат од судот, Јанева по предлогот за укинување или замена на мерката притвор, со понудена гаранција, доставила мислење и предложила да се укине во случајов точката од Законот за кривична постапка (ЗКП), кој се однесува на опасноста за влијание на сведоци и по кој не може да се прифати гаранција, со образложение дека единствениот сведок бил сослушан и немало основа за влијание врз него.

„Откако специјалната обвинителка Катица Јанева по предлогот за укинување или замена на мерката притвор, со понудената гаранција поднесена од страна на обвинетите Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски преку нивните бранители, достави мислење со предлог за укинување, најпрво на точка 2, од член 165, став 1 од Законот за кривична постапка (ЗКП), односно влијание на сведоци бидејќи по таа основа не може да се прифати гаранција. Воедно, со предлогот на специјалната обвинителка поднесен до Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1, беше побарано советот да ја укине оваа точка со образложение дека единствениот сведок бил и сослушан и немало основа за влијание врз него, па откако ќе се укине оваа точка од решението, да се укинат и другите основи од член 165, став 1, точка 1 и 3 и да се прифати понудената гаранција од обвинетите. Покрај ова, во предлогот стои да се определат превентивни мерки, забрана на напуштање на живеалиште и да се одземе патна исправа, точно наведена со број и со датум на важност“, стои во соопштението од судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...